×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зошто основните училишта немаат обезбедување?

    07.05.2012 08:21 | KumanovoNews

     Во Куманово обезбедувањето на училиштата не е многу популарно и повеќето основни школи никогаш и немале ваков вид на обезбедување од различни причини.

    Зошто основните училишта немаат обезбедување?

    ОУ“Браќа Миладиновци“ уште на почетокот на учебната година на родителите им предложило да се ангажира физичко обезбедување кое нив би ги чинело 300 денари за цела година. Овој предлог родителите го одбиле. Како превентивна мерка е поставен видео надзор. Ова училиште видео надзорот го користи веќе 8 години и е прво во Македонија кое се реши на ваков чекор.

    Имаме поголема контрола, поголема безбедност, за да не дојде до тепачки, кражби. Пред неколку години имаше случка кога беа украдени бунди на наставничките, но благодарение на видео материјалите крадецот беше откриен. Во училиштето е мирно и немало некои поголеми инциденти. Откако ние ставивме видео надзор, почнаа и другите училишта, па сега веќе и средните имаат, и Гимназијата исто  -  вели Милорад Јордановски, директор на ОУ“Браќа Миладиновци“.

    Во истиот двор се наоѓа и ОУ“Крсте Мисирков“, но и ова училиште нема обезбедување. Лани имало пресметка меѓу две групи ученици, но сето тоа се случило надвор од дворот, поточно пред школската амбуланта. Наставниците потврдуваат дека се работи за етнички чисто училиште и тепачки нема. Кога би имало обезбедување сметаат дека нема да биде ефикасно бидејки тука учат 1500 ученици, а двете училишта заедно имаат 3000 ученици.

    Во ОУ“Наим Фрашери“ се со поинакво искуство. Тие пред Нова година се договориле пола од сумата за обезбедувањето да ја платат родителите, а остатокот да го покрие Oпштината. Но сеуште конкретни мерки не се преземени и се чека распоред и план од општинските власти. Тие велат дека конфликти нема иако спортската сала ја користат заедно со ОУ “Вук Караџиќ“.

    Минатата година ОБСЕ спроведе истражување во кое родителите се изјаснуваа дали и колку училиштата се безбедни, при што многумина беа загрижени и кажаа дека понекогаш се принудени да ги запишуваат децата во поодалечено училиште само за да бидат побезбедни.