ЖРК Куманово ја заврши сезоната на 4 место
Женскиот ракометен клуб (ЖРК) Куманово ја заврши сезоната на 4 место на табелата, со вкупно освоени 13 бода од 20 натпревари во плеј оф фазата од првенството.

Ракометарките забележаа 6 победи и 1 реми, а изгубија на 13 натпревари.
Раководството на клубот е задоволно од она што е постигнато во сезоната 2024/2025.
„Со оглед на можностите на тимот и финасиската поддршка која ја имаме задоволни сме од она што го постигнавме. Сега следува мал одмор, но веќе размислуваме за следната сезона- секако дека ќе има измени во тимот, но засега се уште не се конкретизирани идеите за во иднина. Се надеваме на поголема поддршка од општината, за да можеме да напредуваме и да постигнуваме успеси“, истакна Никица Кипријановски.
Во македонското ракометно првенство засега не се најавуваат измени во системот на натпреварување- 3 групи по 5 екипи во регуларниот дел од првенството. Во тој дел ЖРК Куманово се пласираше на второто место, со 6 победи од 8 натпревари.
Со освојување на 4 место ЖРК Куманово се стекнува со право и за настап на меѓународната сцена, но раководствот на клубот повеќе детали најави за во иднина.
(фото. жрк)