Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се почесто жртвите на семејно насилство не се срамат да зборуваат за понижувањата што ги преживуваат во кругот на семејството и бараат насилниците да се казнат.
Дваесет лица од кумановско оваа година пријавиле дека се жртви на психо-физичко насилство и побарале помош од социјалните установи во градот. Се почесто жртвите на семејно насилство не се срамат да зборуваат за понижувањата што ги преживуваат во кругот на семејството и бараат насилниците да се казнат.Во 80 одсто од пријавите жените се жртви на насилство, но има случаи кога на тортура се изложени и мажите.
За периодот од 2009 И 2010 година кај нас во здружението имаме пријавено и тројца мажи кои се жртви на семејно насилство. Се работи за повозрасни мажи од 50 до 60 години- вели Емилија Арсовска, од Националното координативно тело за заштита од семејно насилство.
Статистиката покажува дека кај нас најзастапено е физичкото насилство, а потоа следуваат психичкото и економското. Дел од причините кои доведуваат до оваа појава се дрогата, алкохолот и невработеноста,односно сиромаштијата. Според истражувањата на терен се доаѓа до фрапантен податок дека секоја втора жена во Македонија е жртва на семејно насилство. Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, преку трибини и јавни расправи доаѓа до податоците, кои потоа ги проследува до надлежните институции како да помогнат на жртвите.
Покрај јавните дебати и расправи во Парламентот, одиме и на терен и го посетивме прифатилиштето за жени и деца жртви на насилство и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.Од теренската работа и јавните расправи констатиравме дека треба повеќе социјални работници и посебни програми за жртвите за семејно насилство. Треба обука на судиите, полицајците, здравствените работници, граѓаните и пошироката јавност, затоа што не постои свест и нема знаење како да справат кога ќе дојде жртва да побара помош - вели пратеничката Лилјана Поповска, член на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените.
Во пружање на подршка на жртвите од семејно насилство придонес дава и невладиниот сектор, кој последните години активно работи и на превенција на оваа појава.
Македонско женско лоби веќе десетина години работи на унапредување на жената во сите сфери на општествениот и политичкиот живот, но го третираме и проблемот на семејното насилство кој претставува не само смеен, личен, туку сериозен општествен проблем. Сметаме дека една од главните причини за семејното, односно секаков вид на друго насилство врз жената е врзан со економската зависнот на жената. За таа цел ние работиме на едуцирање и еконоското зајакнување на жената –смета Даниела Тоновска од Македонско женско лоби.
Донесувањето на Националната стратегија за превенција на семејното насилство им даде поттик и заштита на граѓаните веќе да не го трпат насилството, туку да го пријават.Кумановската полиција годинава за разлика од лани, поднела двојно повеќе кривични пријави против лица кои извршиле насилство.
Трибината - Насилството и улогата на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените за превенција од семејно насилство на локално ниво,викендов ја организираа пратенците на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.