Скокнал од возилото да побегне од полиција, се судрил со друг автомобил Вистинска драма се случувала завчера во центарот на Куманово, додека полицијата бркала криумчар на мигранти, кој го следела од наплатната рампа Романовце.
Кумановец извршил полов напад врз дете во хотел „Кристал“ Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.Р.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години”.
Центар за дојка треба да се отвори во Куманово Во Кумановската болница планирано е да се отвори Центар за дојка, кој ќе пружи адекватен третман на пациентките од Североисточниот регион.
Пријава за вршење јавен превоз без лиценца Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.Ј. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без поседување лиценца.
Кумановец криел 830 грама марихуана Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Б.(33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Ученички филмови финалисти на Меѓународниот фестивал КРЕФ Детскиот филм „Волшебна магија 1“ и видео играта минекрафт „Волшебна магија 2“, кои ги снимаа учениците од трето и петто одделение под менторство на наставничките Александра Грубор и Анита Николовска, од подрачното основно училиште „Толи Зордумис“, од село Режановце, влезе во финалето на Меѓународниот училишен фестивал на креативни образовни филмови КРЕФ, кој годинава ќе се одржи во Штип.
Гореше дивата депонија во „Перо Чичо“ Вчера попладне, гореше сува трева и ѓубре на дивата депонија на влезот во населбата „Перо Чичо“, спроти маркетот „Туш“.
Зградата на „Комитет“ е во државна сопственост, а Општина Куманово има корисничко право, тврди ВМРО-ДПМНЕ Зградата на т.н. „Комитет“ е во сопственост на Република Македонија, а право на користење има единствено Општина Куманово, тврди ВМРО-ДПМНЕ, по преписката во јавноста кој ги користи и кој ги рента деловните простории во објектот на поранешните општествено-политички организации.
Нападнале обезбедувачи додека проверувале струјомери Тројца жители на Матејче нападнале вработени во агенција за обезбедување, додека проверувале струјомери во селото.
Во Куманово најбучно кај Зеленото пазарче и во „Серава“ Куманово е бучен град, бидејќи се користат сирени на возилата, стари автомобили, мотори со голема брзина, култиватори, разглас на верските објекти, а и менталитетот ни е таков, разговараме гласно и се довикуваме преку улица, велат стручњаците кои ја следат бучавата во градот.
Полициски инспектор со лажна факултетска диплома напредувал во службата Инспектор во СВР Куманово, се стекнал со лажна диплома, која потоа ја искористил за напредување на работното место
ВМРО-ДПМНЕ нема договор за користење на просторот во зградата на „Комитет“, одговори Димитриевски По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека изборен штаб на СДСМ е претворен во магацин на ланч бар, од кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски одговорија дека посочениот угостителски објект има склучено договор за користење на простор во 2012 година, со важност до 2022 година и истиот е на сила.
СДСМ ќе бара утврдување на сопственоста на зградата на „Комитет“, најави Костовски Претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски, најави дека неговата партија ќе поведе судска постапка заради утврдување на сопственоста на зградата на поранешен „Комитет“, по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за нетранспарентен начин на издавање на деловните простории за партиски и бизнис потреби.
Кумановци учествувале во тепачка во дискотека во Скопје Три момчиња од Куманово и едно од Скопје, физички се пресметале во дискотека во Скопје, при што се здобиле со повреди по лицето.
Почнува јавниот увид во избирачкиот список за референдумот Jавниот увид на податоците во најновата верзија на избирачкиот список, за претстојниот референдум на 30 септември, почнува од денеска и ќе трае до 23 овој месец.
Оглас за вработување во Централен регистар Куманово Централен регистар објави оглас за вработување на одговорно лице во одделението во Куманово.