Анита Спасовска од Бучен Козјак најдобра менаџерка на годината Анита Спасовска, директорка на компанијата Бучен Козјак од Куманово ја доби наградата најдобра менаџерка на годината што ја доделува Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ).
Кумановски мезелк и кратовска пастрмајлија во првиот готвач на Североистокот Оригинални специјалитети од Североисточниот регион, како кумановски мезел’к, кратовска пастрмајлија, паланечки симит, липковска флија, кратовски армак или кумановска сунѓерка, ранковска муќкалица и кумановски суџук, се само дел од јадењата кои вчера беа послужени пред гостите на промоцијата, a се наоѓаат во македонскиот готвач „Духот на Североистокот“ во Куманово.
Наместо да го одвезат до Скопје, го ограбиле и исфриле од колата М.А.(62) од Скопје пријавил дека вчера околу 19 часот, во близина на бензинска пумпа кај Автобуската станица, влегол во непознато патничко возило, во кое биле две лица, со цел да го пренесат до Скопје.
Обука за мапирање на енергетската транзиција се одржа во Куманово “Вовед во мапирање на енергетска транзиција“ беше насловена втората обука, која ја организираше Центарот за развој на Североисточниот плански регион и консултанската фирма Балкан девелопмент солутионс БДС од Скопје, во рамките на Проектот ПАНЕЛ2050 – ПАРТНЕРСТВО ЗА НОВО ЕНЕРГЕТСКО ЛИДЕРСТВО 2050 .
Мајка и син осум месеци живеат без струја Осум месеци без струја и без елементарни услови живеат мајка и син во центарот на Куманово.
Дедо Мраз на мотор по 10 пат во Куманово Мото клубот „Мечки“ и оваа година ќе однесе подароци на децата во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Куманово.
Го ограбиле, па му пукале во возилото М.С.(38) од Куманово доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела тешка кражба и предизвикување на општа опасност, како и против М.Н.(28) од кумановското село Романовце, А.Љ.(34) од Скопје и А.С.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
Утре повеќе улици и населби без струја Прекин во снабдувањето со електричн енергија утре ќе имаат потрошувачите од неколку улици во градот и приградски населби.
Независниот полициски синдикат го осуди нападот на полицаецот Независниот синдикат на полицијата, огранок Куманово, најостро го осудува синоќешниот напад на нивниот колега на протестот на граничниот премин Табановце.
ВМРО-ДПМНЕ бара ослободување на приведениот сопартиец на Табановце Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Основниот суд Куманово побараа ослободување на Ф.Ф., бидејќи сметаат дека неправедно е приведен.
Ќе се уриваат нелегалните угостителски објекти, најави градоначалникот Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најави дека ќе ги урива дивоизградените угостителски објекти во центарот на градот.
Книги и помагала на српски јазик за училиштата во Табановце и Старо Нагоричане Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Милутин Станчиќ и амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак - Томиќ, вчера ги посетија oсновните училишта „Браќа Рибар“ во село Табановце и „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, каде наставата се изведува на српски јазик.
Промоција на стихозбирката „Александровна“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре ќе се одржи промоција на стихозбирката „Александровна“ од Лидија Лучко Јеремиќ.
Кривична пријава за напаѓачот на полицаецот на Табановце Ф.Ф. (42) од Куманово, синоќа нападнал полицаец, кој бил на службена должност на протестот на ВМРО-ДПМНЕ на граничниот премин Табановце.
Полицаец повреден и еден приведен на протестот на ВМРО-ДПМНЕ на Табановце Еден полицаец е повреден, а едно лице е приведено во инцидентот што се случил на граничниот премин Табановце за време на синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.
Нова урбана опрема за продажба на отворено Десетина нови тезги за продажба на украси по повод новогодишните празници денеска беа поставени пред Центарот за култура во Куманово.