Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане право на глас имаат 121.137 граѓани Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричене право на глас имаат 121.137 гласачи на локалните избори што ќе се одржат утре.
Младите повеќе да ја почитуваат НОБ, порачуваат борците Преживеаните борци, кои застанаа на браникот на слободата во Народно-ослободителната борба очекуваат младите повеќе ја почитуваат НОБ, бидејќи нејзините учесници се вградија во создавањето на македонската држава.
Народниот правобранител ќе прима поплаки на денот на изборите Канцелариите на Народниот правобранител во Куманово, Скопје, Битола, Кичево, Струмица, Тетово и Штип, во недела на 15 октомври, на денот на одржување на првиот круг од Локалните избори 2017, од 7 до 19 часот ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.
129 болни лица ќе гласаат во домашни услови 129 болни и изнемоштени лица од Куманово, утре ќе гласаат во домашни услови, еден ден пред локалните избори.
Димитриевски вети ново училиште во Долно Којнаре Коалицијата на СДСМ вечерва го одржа завршниот мини- митинг од предизборната кампања во населбата Долно Којнаре.
Додик вети помош за еден инфраструктурен проект во Старо Нагоричане Претседателот на Република Српска Милорад Додик, при денешната посета на Старо Нагоричане најави помош за решавање на еден инфраструктурен проблем во општината.
Јакимовиќ: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани во општина Старо Нагоричане Кандидатката за градоначалник на Старо Нагоричане од ДПСМ, Елена Јакимовиќ, денеска пред жителите на општината ја претстави програмата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори.
Ѓорѓиевски: Гласајте за проекти и за промени Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција од Спомен Костурницата побара поддршка од граѓаните и ги повика да гласаат за рекреативен парк, индустриска зона, детски градинки, проектот „Куманово без кал“.
Димитриевски побара поддршка за модерно и урбано Куманово Кандидатот за градоначалник од коалицијата на СДСМ Максим Димитриевски денеска денеска побара подрка од граѓаните на Куманово, за да ги реализира проектите: цевковод Куманово-Липково, доизградба на гасификациска инфраструктура, катни гаражи и пешачки зони за решавање на сообраќајниот метеж.
НСДП ги повика граѓаните да гласаат за број 19 Благојче Јакимовиќ од НСДП, кандидат за советник на листата на СДСМ, ги повика граѓаните на Куманово масовно да излезат на локалните избори во недела и да гласаат за број 19, за носителот на советничката листа Атина Мургашанска и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.
Се заканувал на гости во казино, па се степал со обезбедување Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста.
ЛДП ги повика граѓаните да гласаат за коалицијата на СДСМ Ивица Костовски од ЛДП, кандидат за советник од коалицијата на СДСМ, ги повика граѓаните во недела на локалните избори да гласаат за програмата „Живот во Македонија-за сите„, и да го заокружат бројот 19.
Етнолошка изложба „Градски вез-традиционалното и европското“ Во Уметничката галерија Куманово, вечерва во 19 часот ќе биде отворена етнолошката изложба „Градски вез-традиционалното и европското“ од Анита Ѓорѓиевска и Милица Пешевска- Николовска, вработени во Народниот музеј Куманово.
Падната канделабра штрчи на улица На улицата „Пионерска„ спроти Стара црква веќе една недела лежи скршена канделабра.
Герила акција на Левица: Црвено платно на зградатa на Кристал Со герила акција, црвено платно долго 10 метри и натпис „ПРОМЕНА 16“ поставено на запуштената зграда на Хотел Кристал, партијата Левица го одбележа 11 Октомври, Денот на народното востание во Македонија, кога започна борбата за националното, но и економско ослободување на народот во Македонија.
„Држ не дај“ на Денови на комедија во Куманово Претставата „Држ не дај“ во режија на Маја Гргиќ, во изведба на истоимената новосадска трупа, ќе гостува вечерва на Деновите на комедија во Куманово.