Помош за сиромашните семејства во козјачките села Волонтери од Црвениот крст Куманово денеска однесоа помош на 14 социјално загрозени семејства во селата: Кокино, Степанце, Жегљане, Дејловце и Арбанашко.
ВМРО-ДПМНЕ:Договорот за чистење на улиците потпишан пред 5 дена Општинскиот комитете на ВМРО-ДПМНЕ и денеска ја прозва локалната администрација предводена од градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, дека е неодговорна и веќе 6. ден не може да се справи со снегот по градските улици.
Министерот Нухиу го посети транзитниот центар Табановце Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска го посети Прифатниот транзитен центар за бегалци во Табановце, во кој се сместени седумдесетина мигранти претежно од Блискиот Исток.
Зголемена потрошувачката на вода во градот Зголемена е потрошувачката на вода во градот од 10-15 отсто, затоа што граѓаните ги оставаат чешмите отворени за да не им замрзне инсталацијата.
Нови врнежи од снег во целата држава Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозите
Дамјановски: 280 километри патна инфраструктура не може да се исчисти за три дена Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски тврди дека на улиците и патиштата во општината фрлени се 85 тони сол, и преземени се сите мерки и активности за чистење на снегот, но поради објективни причини работата не е завршена докрај.
Улиците лизгалишта- на хирургија врие од пациенти Стотина кумановци побарала помош на хируршкото одделение во Општата болница Куманово, поради повреди задобиени од паѓање на замрзнатите улици и тротоари во последните 4 дена.
Мигранти од Лојане сместени на Табановце- еден повреден Утринава група од 12 мигранти, кои нелегално престојувале во липковското село Лојане, привремено се сместени во прифатниот центар Табановце.
ВМРО-ДПМНЕ: Неисчистените улици срам за градот Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт дека не преземала ништо за да ги исчисти од снег улиците во градот, и со тоа ја загрозува безбедноста и здравјето на граѓаните на Куманово.
Кумановка ограбена на надвозникот кај “Искра„ Кумановка била нападната и ограбена утринава на улицата „11-ти Октомври“ кај надвозникот на Искра, на влезот на Куманово.
Притвор за таткото кој силувал ќерка М.Д. од Куманово доби 30 дневен притвор откако било пријавено дека ја силувал 12 годишната ќерка.
Во Куманово ноќеска - 17 степени, денеска облачно и многу студено Во Куманово ноќеска се измерени -17 степени. Најстудено било во Маврово со -21 а најтопло во Гевгелија со -7 степени Целзиусови.
Хроничните болни и бремните жени ослободени од работа поради студот Бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст, денеска и утре да не одат на работа поради екстремно ниските темпреатури, препорачуваат надлежните
Спасени 30 луѓе од завеани автомобили на стариот пат Куманово-Скопје Триесетина патници синоќа биле извадени од нивните автомобили завеани со снег на стариот пат Куманово - Скопје, помеѓу кумановските Ново Село и Љубодраг.
Христос се роди! Навистина се роди! Православните верници денеска го славата Христовото раѓање, првиот ден од големиот христијански празник Божиќ.
Левица: Градот е парализиран од 20 сантиметри снег Oд локалниот огранок на Левица во Куманово ја обвинија локалната влaст за завеаните и непроодни улици во Куманово.