Во Куманово се прави зимница по рецепти стари 150 години Во добро и во лошо, во војна и за слава, кумановските семејства имале богата традиција на подготовка на зимница по традиционалните рецепти.
„11 Октомври“ го прослави патрониот празник Основното училиште „11 Октомври„ вчера го прослави патрониот празник и 52 години постоење и успешна работа. По тој повод во училиштето се одржа приредба во која учествуваа повеќе ученици, а на присутните се обрати директорката Елизабета Костиќ.
Социјалистите сами го славеа 11 Октомври, општинските власти лути Членови на Социјалистичката партија на Македонија денеска положија цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци по повод Денот на народното востание еден час пред официјалната прослава на Општина Куманово.
Кабинет по моден дизајн донација од Германската амбасада Со средства од Германската амбасада опремен е кабинет по моден дизајн во средното училиште „Перо Наков„ во Куманово.
Градот првоборец го прослави 11 Октомври на Спомен костурницата 75-годишнината од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна во Република Македонија, денеска беше одбележа на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово.
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за 11 Октомври Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Куманово им го честита 75-годишниот јубилеј од почетокот на големото Народно востание, 11-ти Октомври.
Куманово го празнува 11 Oктомври Градот првоборец, денеска го слави 11. октомври- Денот на народното востание во Македонија.
11 октомври неработен ден за сите граѓани 11 октомври, вторник, Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Наредниот месец ќе започне изградбата на новиот Ургентен центар Куманово ќе добие нов современ Ургентен центар на 750 метри квадратни, што ќе ги обедини интернистичките и хируршките ургентни амбуланти во состав на постоечкиот Ургентен центар.
Законот за еднакви можности споро се имплементира „Дoсегашни ефекти oд закoнoт за еднакви мoжнoсти пoмеѓу мажите и жените на локално ниво“, беше темата на која вчера се расправаше на трибина што ја организираше Центарот за рурален развој Бујрум во соработка со УНДП.
Влажни коловози, внимателно на патиштата Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
Стечајците го блокираа влезот на градот Стечајните работници од Куманово денеска два часа го блокираа влезот на градот, барајќи да престане игнорантскиот однос на актуелната власт кон нивниот проблем.
СДСМ утре ќе ја чисти Спомен костурницата Општинската организација на СДСМ, Кумановски акцијаши и ЈП „Чистота и зеленило„ организираат акција за расчистување на сметот на Спомен костурницата.
Срамна е сликата на зеленилото во градот, смета ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт дека недоволно се грижи за животната средина и зелените површини во Куманово.
Осудени лица станаа пекари и бравари Заврши стручната обука за пекари и бравари на осудени лица, која траеше повеќе од 6 месеци преку проект на УНДП, Министерството за образование и Управата за извршување на санкции во Казнено поправната установа „Куманово“, во селото К`шање.