Продолжува судењето за Диво насеље Продолжува судењето против 29 лица обвинети за тероризам во кумановско Диво насеље.
Акции за мерење на шеќер во крвта Здружението на дијабетичари Куманово до крајот на неделата ќе организира неколку акции за мерење на нивото на шеќер во крвта во населени места во Куманово и Липково.
Промоција на „Светот на световите“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре ќе се промовира книгата „Светот на световите“ од Филип Петровски.
Фалат дефектолози и логопеди во училиштата Како да се реши проблемот со немање стручен кадар од дефектолози и логопеди во основните и средни училиштата во градот, расправаа претставници од образованието, општината и родители на денешната трибина „Состојба и предлог мерки за олеснување на инклузијата во образовниот процес на лица со посебни потреби во Општина Куманово„.
Јустиција организира осмомартовски марш Граѓанската организација Јустиција, Куманово организира Марш за родова рамноравност и за оддавање почит кон лицата кои го дале својот придонес за унапредување на правата на жените во Република Македонија и пошироко во светот.
„Флоренс Најтингејл„ спроведува истражување за семејно насилство Мултиетничкото здружение “Флоренс Најтингејл” од Куманово од април минатата година стана Институционален грантист (2015-2018) на CIVICA MOBILITAS (проект на Швајцарска агенција за соработка и развој (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна Администрација (СИПУ).
На Табановце дошле 500 мигранти, само 300 заминале во Србија Околу 200 мигранти останалa денеска во граничниот појас помеѓу Македонија и Србија, откако српските погранични служби ја затвориле границата и не ги пуштиле да влезат на нивна територија.
Над 120 повреди и несреќи на работа Според меѓународната организација на трудот околу 2,3 милиони луѓе во светот умираат како последица на професионални болести и несреќи, а кај нас во 2014 година имало 120 повреди и несреќи на работа,- објавија од Македонското здружение за заштита при работа.
ВМРО-ДПМНЕ: Двоецот Дамјановски–Димитриевски со празна реторика Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска испратија соопштение за минатонеделните одговори на градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на советот Максим Димитриевски, а во врска со јавниот превоз и преносот на седниците.
Дел од општинарите во нови простории Дел од општинската администрација се преели во поранешната зграда на „Козјак“ спроти Градскиот стадион.
Жена тешко повредена во судир на два автомобила Една жена е потешко повредена, а три лица поминале со полесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на крстосницата на регионалниот пат Куманово-Свети Николе и булеварот Трета МУБ.
Се одбележа Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон денеска беше одбележан со пригодна свеченост во касарната „Боро Менков“. 26 февруари е одреден за Ден на единицата со указ на претседателот Ѓорѓе Иванов, како датум кога е формирана Третата Македонска ударна бригада, пред 72 години во селото Жегљане.
Димитриевски: Обвинувањата се неосновани На обвинувањата на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ реагираше и претседателот на Советот на општина Куманово Максим Димитриевски.
Дамјановски одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски одговори на обвинувањата на членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на јавниот превоз во градот.
Прес на ВМРО-ДПМНЕ за јавниот превоз во градот ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на автобуската постојка спроти зградата на Уред, при што ја критикуваа локалната власт за организирањето на јавниот превоз.
Вработени во Идризиво пуштале затвореник да шета И.Н. (40) и О.П. (40), двајцата од Крива Паланка, вработени како службени лица во КПУ Идризово – Скопје, заработија кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.