Старо Нагоричане доби плоштад Општината Старо Нагоричане доби нов плоштад во центарот на селото. Црвената лента ја пресекоа градоначалникот Милован Стојковски и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ. Плоштадот е изграден од средства на Министерството за култура и проект на ЕУ.
Донирани душеци во „Зафир Сајто“ и болницата Компаниите Лезет и Јуниор од Куманово деновиве донираа душеци во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и Општа болница Куманово.
Интензивно се гради фекалната канализација во Слупчане Интензивно се гради фекалната канализација во липковското село Слупчане.
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за возилата Од 15 ноември започнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март 2016 година, информираат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.
Повеќе населени места без струја Повеќе населени места во Куманово и кумановско денеска се без струја, поради дефекти или планирани прекини.
Положено цвеќе на Спомен костурница По повод 11 Ноември-Денот на ослободувањето на Куманово денеска свежо цвеќе беше положено на Спомен костурница.
Кумановец депортиран на скопскиот аеродром С.И.(31) од Куманово вчера е депортиран на аеродромот Александар Велики поради илегален престој од Белгија.
Свечена седница за 11 Ноември Се одржа свечена седница по повод денешниот празник 11 Ноември, на која беа презентирани сработените проекти во текот на оваа година, а беа доделени и Ноемвриските награди.
Четириесетина компании се презентираа на саемот за вработување Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска се одржува саем за вработување, на кој учествуваат четириесетина компании од нашиот регион.
Дамјановски подели сувенири на делегациите од збратимените градови Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска во општината на претставници од збратимените градови им подели подароци и сувенири за да се сеќаваат на Куманово.
Шаховски турнир за празникот на градот Во просториите на Здружението на пензионери Куманово утре во 16 часот, ќе се одржи меморијален шаховски турнир “Среќко Георгиевски-Цмок“, во чест на поранешниот претседател и шахист и во чест на 11 Ноември-Денот на ослободувањето на Куманово.
ВМРО-ДПМНЕ го честита 11 Ноември Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на граѓаните им го честитаат 11 Ноември-Денот на ослободување на Куманово.
Отворена изложбата “Кумановски ликовни уметници 2015“ Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници 2015“.
Алфи Техноцентар во среда го слави шестиот роденден Со добра забава и попусти до 50%, Алфи Техноцентар утре во својот салон ќе прослави шест години постоење и успешна работа.
Нагоричане организира крводарителска акција за Денот на општината Општина Старо Нагоричане во чест на 11 Ноември-Денот на општината организира крводарителска акција.