Денис Каревски е новиот претседател на ЛиДеМ Куманово Денис Каревски, дипломиран менаџер по бизнис и логистика е нов претседател на либерално-демократската младина од Куманово.
Конкурс за есеи за средношколци YES Алумни Македонија при Американски совети за меѓународно образование по шести пат распишува конкурс за најдобар есеј.
На Табановце утринава осумдесетина мигранти Српските гранични власти ги пропуштаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан кои имаат валидни патни исправи, за жителите на Пакистан, Конго, Бангладеш и оснатаите економски мигранти рампата е спуштена.
Топлото време го одложи вакцинирањето од грип Центарот за јавно здравје Куманово има уште 400 дози вакцини против сезонски грип.
Претставници на „Заслужуваме подобро“ на средба со кумановци Претставници на граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ денеска на Градскиот плоштад се сретнаа со граѓаните на Куманово.
Хируршката амбуланта се сели во Ургентен центар Хирушката амбуланта е преселена во Ургентниот центар во Општа болница Куманово.
Дијабетичарите се едуцираа за хипер и хипогликемија Во Општа болница Куманово денеска дијабетичарите се едуцираа за акутни компликации од дијабетес, хипер и хипогликемија.
Студенти и вработени од „Еуро Колеџ“ на пракса во Италија Двајца професори и десет студенти од “Еуро Колеџ“ кон крајот на октомври заминаа во Соверато, Италија во соработка со партнерот JUMP ‐ Gioventu in riSalto од Соверато, Италија.
Поранешни вработени протестираа пред Монопол Триесетина поранешни вработени во Тутунскиот комбинат “Боро Петрушевски-Папучар“ денеска протестираа пред фабриката барајќи да се реши нивниот статус.
Се одржа трибина за превенција и лекување на дијабетесот Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа се одржа трибина на тема “Дијабетес-превенција и лекување“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ општински комитет Куманово.
Промовирана стихозбирката “Година без лето“ Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ синоќа беше промовирана збирката поезија “Година без лето“ на Виолета Танчева Златева.
Акција за дарување крв во „Наце Буѓони“ Во средното училиште „Наце Буѓони“ утре ќе се одржи крводарителска акција, информираат од општинската организација на Црвен Крст од Куманово.
Успешна крводарителска акција во Старо Нагоричане Опшината Старо Нагоричане и Оделот за трансфузиологија Куманово денеска организираше крводарителска акција на која беа соберени триесетина единици крв.
Ромите во Средорек добија совети за легализацијата Националниот ромски центар попладнево постави неколку штандови во населбата Средорек, каде што Ромите од правни соработници можеа да добијат совети во врска со легализацијата на бесправно изградените објекти.
Во тек е пријавувањето за “Град на културата“ за 2016 Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање на проектот „Град на културата" во 2016 година, кој ќе трае до 7 декември годинава.
„Крсте Мисирков“ го одбележува патрониот празник Основното училиште „Крсте Мисирков“ одбележува 67 години постоење и плодна работа.