Лујза Винтон прогласена за почесен граѓанин на Куманово Лујза Винтон, постојаниот претставник на УНДП во Македонија на денешната 43- та седница на Советот на општина Куманово, беше прогласена за почесен граѓанин на Куманово.
Фалсификувале документи за да учествуваат на оглас Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.Б.(43) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против И.Б.(49), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување Ако приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално.
Шеќеринска: Во Македонија имаме егзодус на младите Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска синоќа на трибината во Куманово со тема “Како до подобар живот на младите“, рече дека мора да се најде решение за иселувањето на младите.
Крводарителска акција во Гимназијата „Гоце Делчев“ Во Гимназијата „Гоце Делчев“ утре ќе се одржи крводарителска акција.
Вечер посветена на Трајко Прокопиев во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи вечер посветена на Трајко Прокопиев.
Советници од БИХ во посета на колегите од Куманово Советници од БИХ и претставници на ОБСЕ од БИХ денеска се сретнаа со дел од советниците од Советот на општина Куманово.
Шеќеринска во обиколка на Куманово Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска денеска е во обиколка на Куманово.
ВМРО-ДПМНЕ: Неасфалтирана улица создава проблеми на жителите на Бабин дол Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција обвинија дека неасфалтирана улица во населбата Бабин дол им создава проблеми на граѓаните.
Учениците да аплицираат за стипендиите на МОН Учениците до 15 ноември можат да аплциираат за стипендиите кои ги доделува Министерството за образование и наука, а резултатите ќе бидат објавени на 14 декември.
Младите дискутираа за Националната стратегија за млади Младите од Куманово и претставниците на младинските организации денеска дискутираа за Националната стратегија за млади за период 2016-2025 година, која треба да биде усвоена во декември.
Фотографите од „Куманово“ со награди во земјава и странство Во последните две недели фотографите од фото клуб „Куманово“ се закитија со нови награди во земјава и странство.
Обезбедени огревни дрва за школото во Игор Тричковиќ Вчера и денеска родителите не ги пуштија децата на настава во подрачното училиште „Христијан Карпош“ во населбата Игор Тричковиќ, бидејќи немало дрва за огрев.
Четириесет и трета седница на Совет Сoветот на Општина утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 34 точки.
“Порака наша“ потпиша меморандум за соработка со “Кочо Рацин“ Здружението за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска потпиша меморандум за соработка со основното училиште „Кочо Рацин“.
Шеќеринска ќе дебатира со младите кумановци за подобар живот Во Младинскиот културен центар „Козјак“ утре во 19 часот, ќе се одржи дебата како дел од проектот “Визијата за Македонија“.