Голема полициска акција во Куманово Осум лица се приведени во голема полициска акција што од рано утрово ја започнала полицијата во Скопје и Куманово.
Изложба „Развојот на царските двери во кумановско“ Во Уметничката галерија во Куманово утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Развојот на царските двери во кумановско“.
Босанска претстава на „Денови на комедија Куманово 2015“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, УГДУ „Талија“ од Тузла, БИХ ќе ја изведе претставата “Државен лопов“ во рамки на фестивалот „Денови на комедија Куманово 2015“.
Гранати најдени кај Железничката станица Повеќе неексплодирани гранати вчера се најдени кај Железничката станица во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Презентација на историјатот и работата на Црвен Крст Во просториите на Црвен Крст Куманово денеска беше прикажан филмот “Приказна за една идеја“, преку кој беа презентирани почетоците и делувањето на Црвениот Крст во светот.
Промоција на „Детски лирски треперења“ во „11 Октомври“ Во основното училиште “11 Октомври“ денеска беше промовирана збирката “Детски лирски треперења“ која ја издава Сојузот за грижи и воспитување на децата секоја година.
Поделени мислења за иницијативата за преименување на плоштадот Граѓаните на Куманово се со поделени мислења за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, за преименување на плоштадот Нова Југославија во Македонија.
ЦИД организира работилници за социјални права Центарот за меѓукултурен дијалог почнувајќи од оваа сабота во 17 часот, па се до 5 декември во Младинскиот центар „Мулти Култи“ ќе организира работилници за социјални права.
ВМРО-ДПМНЕ почна со собирање потписи за преименување на плоштадот Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Куманово, денеска почнаа со собирање на потписи за преименување на плоштадот Нова Југославија во Македонија.
Македонски државјанин упасен за шверц на дрога на Табановце Царински инспектори од Одделението за истраги вчера на граничниот премин Табановце автопат, го лишија од слобода македонскиот државјанин М.Ф., против кого во месец февруари годинава беше поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Пуштено во употреба реновираното училиште кај Соколана Со сечење на црвена лента денеска свечено беше пуштен во употреба реновираниот објект на основното училиште “Браќа Миладиновци“ кај Соколана.
Тито Петковски: Доведен е во прашање опстанокот на државата Ако не се почитува договорот од Пржино и ако се препуштиме работите да ги туркаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе биде доведен во прашање опстанокот на државата, рече лидерот на Нова социјал-демократска партија, Тито Петковски синоќа на трибина со членството во Куманово.
Крводарителска акција во Гимназијата „Сами Фрашери“ Во Гимназијата „Сами Фрашери“ утре ќе се одржи крводарителска акција.
Над 20 заболени од дијабетес откриени при три мерења на шеќер Здружението на дијабетичари Куманово преку бесплатни мерења на шеќер во крвта минатата недела на Глажња, во селата Липково и Бајловце открила повеќе од 20 заболени од дијабетес.
Тура за толеранција во Куманово Со уличен перформанс на Градскиот плоштад попладнево 30 млади од различни земји испратија порака за толеранција, и покажаа дека луѓето без разлика на религија и националност можат да соработуваат.
УЈП воведува плаќање на даноци со безготовинска картичка Управата за јавни приходи овозможува плаќање даноци преку интернет со вашата Виса, Маестро и Мастеркард безготовинска картичка.