Градоначалникот потпиша прелиминарен договор со Хабитат Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вчера потпиша прелиминарен договор со директорот на Хабитат Македонија, Зоран Костов за финансиско учество од 20 отсто од вредноста на реконструкцијата, на станбените згради во општината за подобрување на енергетска ефикасност.
Ученици присуствуваа на работилница со Ксенија Маказлијева Трајчева Ученици од основното училиште “Браќа Миладиновци“ денеска во детскиот оддел на Градската библиотека “Тане Георгиевски“, присуствуваа на работилница со авторката за деца Ксенија Маказлијева Трајчева од Детска радост.
Деца од „Синоличка“ положија цвеќе пред бистата на Панче Пешев Во пресрет на празникот 11 Октомври, деца од големата група од градинката „Синоличка“ денеска положија свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Панче Пешев, во дворот на истоименото училиште.
Наврнаа 18 литри дожд во Куманово Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 18 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Косовска претстава на „Денови на комедија Куманово 2015“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, Евробалкан Институт од Приштина, Косово ќе ја изведе претставата “Чехов му кажува збогум на Толстој“.
Претседателот на судот ја злоупотребил службата Претседателот на Основниот суд Куманово, денеска е уапсен од полицијата под сомнение дека сторил кривично дело злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување.
За преименување на плоштадот ќе се гласа по Бадентер За преименување на плоштадот, Советот со мнозинство присутни советници ќе носи одлука при што ќе води сметка за почитување на правилото за бадинтеровото мнозинство.
Костовски: Преименувањето на плоштадот е лицемерно Преименувањето на плоштадот од Нова Југославија во Македонија е неоправдано, непотребно и нелогично, вели Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово.
Бизнисмените од регионот се обучуваа за продажба и извоз Петнаесетина бизнисмени од североисточниот регион денеска се обучуваа за продажба и извоз.
Уапсен претседателот на Кумановскиот суд Претседателот на Основиот суд Куманово Муса Сулејмани денеска е уапсен на своето работно место. Специјалните единици за организиран криминал, го уапсиле Сулејмани околу 13.30 часот.
НРЦ започнува караван за домување Националниот ромски центар во партнерство со повеќе ромски организации од Македонија, спроведува караван насловен како “Домувањето е повеќе од 4 ѕида и кров“.
Библиотеката започна со одбележување на 70 години јубилеј Градската библиотека “Тане Георгиевски“ започна со одбележување на јубилејот 70 години постоење.
Голема полициска акција во Куманово Осум лица се приведени во голема полициска акција што од рано утрово ја започнала полицијата во Скопје и Куманово.
Изложба „Развојот на царските двери во кумановско“ Во Уметничката галерија во Куманово утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Развојот на царските двери во кумановско“.
Босанска претстава на „Денови на комедија Куманово 2015“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, УГДУ „Талија“ од Тузла, БИХ ќе ја изведе претставата “Државен лопов“ во рамки на фестивалот „Денови на комедија Куманово 2015“.
Гранати најдени кај Железничката станица Повеќе неексплодирани гранати вчера се најдени кај Железничката станица во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.