ЦИД организира квиз за европските земји Странските волонтери, гости на Центарот за меѓукултурен дијалог организираат квиз “Европски земји“.
Триесет и четврта седница на Совет Советниците утре ќе одржат редовна седница. На дневен ред се советнички прашања и уште три точки.
Михајловски: Тешко е да си Македонец во Куманово Ние во Куманово знаеме што значи да бидеш негиран, оти нас секако не нарекувале низ историјата, а ние најдобро знаеме што значи да бидеш Македонец во Куманово, - вака актерот Тони Михајловски го започна своето обраќање пред своите сограѓани на синоќешната трибина на Граѓанското здружение за одбрана на Македонија во Кумановскиот театар.
Почна вадењето дозволи за собирање шумски плодови Почна вадење на дозволи за собирање на шумски плодови во “Шумско стопанство“.
Липково ќе набави 3000 канти за смет Јавното комунално претпријатије “Бор“ од општина Липково, годинава планира да набави 3000 канти за смет со помош на странски донации.
Туристичка промоција на Кокино во странство Мегалитската опсерваторија Кокино, црквите и манастирите од кумановско во март ќе бидат промовирани на три саеми за туризам во Германија, Шведска и Русија.
“Танц на куклите“ награден на Струмичкиот карневал Маската “Танц на куклите“ од средните стручни училишта од Куманово е наградена на Струмичкиот карневал.
Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва во Куманово Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва ќе одржи трибина во Куманово.
Кумановец освои бронзен медал на државно првенство во кик бокс Милош Велевски од Куманово, кик боксер во КБК Куманово – 2006, освои бронзен медал на државно првенство во кик бокс за сениори и јуниори, што викендов се одржа во Штип.
Казнети две трговски и една занаетчиска фирма Државниот пазарен инспекторат во период од 9 до 15 февруари, казнил два трговски и еден занаетчиски дуќан во Куманово.
Во КУД “Карпош“ сами си изработуваат народни носии Во Културно - уметничкото друштво “Карпош“ сами изработуваат народни носии за потребите на играорците.
Отстрелани три волка во липковско Во организирани хајки ловците од ловечкото друштво “Шќипоња“, месецов отстрелаа три волка и шест лисици во липковско.
Граѓаните ќе се едуцираат за комунален ред Локалната самоуправа од утре ќе организира едукации за граѓаните во месните заедници за примена на одлуката за комуналниот ред, кој неодамна беше изгласан од Советот на општина Куманово.
Традиционална крводарителска акција во СВР Куманово Во СВР Куманово утре ќе се одржи традиционална крводарителска акција.
Денеска е Прочка да си ги простиме гревовите Денеска е големиот христијанскиот празник Прочка, ден кога луѓето си ги простуваат гревовите едни на други.