×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 10 природни начини да ги ублажите изгорениците од сонце

    04.08.2021 06:58 | Сара Ѓорѓиоска

    Кога летната сезона е токму во својата средина и желбата за примамлив тен ни дава енергија за уште малку сончање, изгорениците воопшто не се реткост. Сите знаеме дека се непријатни, болни и навистина го отежнуваат животот додека не заздрават. Па, како да заздрават побрзо со природни алтернативи?

    10 природни начини да ги ублажите изгорениците од сонце

    1. Алое вера

    Докажано е дека едно од најдобрите растенија на природата за вашата кожа е токму алое вера, а нејзиниот смирувачки и хидратирачки ефект е она што ќе го “турне“ ова растение на првото место на оваа листа. Некои производи од алое вера содржат лидокаин, кој иако не е природен лек, сепак ги олеснува болките.

    2. Чај

    Иако звучи екцентрично, идејата да се мие кожата со ладен, свежо наберен чај е нешто на кое вашата кожа ќе ви заблагодари. Изладениот чај помага на природен начин да се стабилизираат pH-нивоата на кожата. Можеби најдобрата опција за регулирање на изгорениците, кога се во прашање чаевите, би бил црниот чај во комбинација со малку нане.

    3. Краставици

    Не е непознато дека краставиците содржат многу вода, а тоа е нешто кое ѝ е нужно на кожата по сончевото оштетување. Исто така, не може да се занемари фактот дека краставиците се полни со антиоксиданти и имаат одличен ефект на намалување на болката.

    4. Компири

    Постојат индикации дека скробот во компирите помага да се апсорбира топлината која зрачи од изгорениците, со што ја намалува болката. Идеално би било нанесените компири да се студени.

    5. Млечни производи

    Можеби еден од најефикасните начини да се чувствувате подобро при изгореници од сонце, без дилема е јогуртот или киселото млеко. Освен смирувачкиот ефект и намалувањето на болката, протеините во таквите млечни производи создаваат вештачки заштитен слој на кожата, кој делува благопријатно.

    6. Витамин Е

    Екстрактот од витамин Е може да ви помогне побрзо да се регенерира кожата. Како моќен антиоксидант, витаминот Е го намалува воспалението кое изгорениците го предизвикуваат. Екстрактот од витаминот, исто така е доволно нежен за да може да се нанесе директно на кожата која е во процес на лупење.

    7. Ладен туш

    Не е тајна дека хидрираната кожа е здрава кожа, а во ситуација кога кожата претрпела сериозни сончеви оштетувања, водата е неопходен и неизоставлив фактор. Првин пијте многу вода, а потоа и повремено туширајте се со млака до студена вода.