Мени

50 Cent и G-Unit вечерва во Скопје

31.03.2010 13:50 | KumanovoNews

Хип-хоп атракцијата „G-Unit“ ќе настапи заедно со Фифти Сент (50 cent) вечерва  во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

50 Cent и G-Unit вечерва во Скопје

Раперот пристигнува денеска со приватен авион со целата екипа и негово обезбедување.

Од Авалон продукција не сакаа да ги соопштат ниту деталите околу неговите барања и посебни услови за престојот но, сепак откриваат дека раперот побарал два блендирани џипа и засилено обезбедување.

На овој концерт се приклучува и хип-хоп атракцијата „G-Unit“ по барање на македонските фанови Авалон успеале во преговорите за нивно присуство на концертот.

Како предгрупа од македонските изведувачи ќе настапи македонскиот рапер Тони Зен.

По концертот во Скопје, неговата турнеја продолжува кај нашиот северен сосед, Белград кој исто така е во организација на Авалон продукција.