×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Аца Лукас ќе пее за Денот на ослободување

    19.10.2011 07:25 | KumanovoNews

     Српската фолк ѕвезда Аца Лукас ќе пее на Градскиот плоштад Куманово, по повод Денот на ослободувањето на градот.

    Аца Лукас ќе пее за Денот на ослободување

    Концертот ќе се одржи на 10 ноември во 20.30 часот и ќе трае три часа.  Настапот е договорен, а хонорарот на Лукас чини 13 000 евра. Сретствата се обезбедени од општинскиот буџет и со помош на бизнис- заедницата од градот.

    Концертот го организира Фондацијата за култура и спорт, под покровителство на градоначалникот и Советот на општината Куманово.

    Откако дојде на власт градоначалникот Зоран Дамјановски, воведе пракса на Градскиот плоштад да се организираат големи концерти со познати звезди за позначајните датуми и дочек на нова година.  За 11 Ноември досега гостувале Здравко Чолиќ, Борис Новковиќ, Јелена Розга, Петар Грашо, Харис Џиновиќ, Калиопи, Тоше Проески,а за нова година Северина, Хари Мата Хари, Бајага, Владо Јаневски, Наум Петревси и Зуица Лазова, додека за Тамбурашкиот фестивал Звонко Богдан, Мерима Његомир, групите Гарави Сокак, Легенде и уште многу други.