×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Чај од банана – лек за несоница?

    26.08.2021 20:43 | Сара Ѓорѓиоска

    Брзото темпо на модерното живеење направи голем процент од луѓето, првин да немаат време за квалитетен сон, а потоа и кога имаат време – сонот едноставно да не доаѓа. Испрекинатиот сон, како и бессоните ноќи не се само фрустрирачки, туку и сериозно можат да го нарушат вашето здравје.

    Чај од банана – лек за несоница?

    Концентрацијата ќе биде секогаш на минимум, а вашето расположение – премногу променливо. Но, неочекуван пријател во борбата со несоницата е токму бананата.

    Чајот од банана и цимет може да биде токму она што ќе ви овозможи да заборавите на апчињата за спиење и да одморите природно.

    Бананите ја содржат амино-киселината триптофан, која предизвикува лачење на серотонин во мозокот. Серотонинот има смирувачки, релаксирачки ефект врз вашето тело и ви помага да заспиете побрзо, меѓу останатите позитивни сензации кои овој невротрансмитер ги предизвикува. Значи јадењето банана пред спиење може да делува благотворно врз вашиот сон, но за да се зголеми шансата за мирен и непрекинат одмор, решението е чај од банана.

    Чајот со банана и цимет се користи како ноќен напиток во многу места ширум светот. Циметот ја подобрува функцијата на вашиот дигестивен систем, но има позитивно дејство и врз циркулацијата, додека бананата се грижи вашето тело да произведува помалку кортизол (хормон кој се поврзува со покачени нивоа на стрес).

    Дополнителна добра вест е тоа што чајот од банана се прави многу лесно. Отстранете ги краевите на бананата и не ја лупете, туку исечете ја на крупни парчиња, заедно со кората. Ставете ги парчињата банана во сад и додадете го циметот врз нив, по што садот ќе го наполните со вода и ќе почекате водата да зоврие. Тогаш ќе ја намалите температурата и ќе го оставите вашиот чај 10-тина минути. Кога кората ќе се одлепи сама од бананата, тргнете го садот да се излади. Процедете и пијте го чајот 20 минути пред да си легнете. Пиењето чај од  банана секоја ноќ ќе ви даде долготрајни резултати и квалитетен сон.