Чак Норис во Бугарија
10.10.2011 11:28
| KumanovoNews
Легендарниот глумец Чак Норис денеска допатува во Бугарија како би се приклучил на колегите во снимањето на филмот „Платеници 2“(The Expendables 2).

После големиот успех на првиот дел, за вториот е обезбеден буџет од 100 милиони долари.
Снимањето започна пред неколку дена во луксузниот кварт во Софија, „Бојана“. Главна улога повторно е Силвестер Сталоне, а покрај него и Норис играат Шварценегер, Брус Вилис и Мики Рурк.