×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четири начини како да е справите со ноќно мокрење во кревет на вашето дете

    05.12.2019 21:05 | KumanovoNews

    Енурезата или несаканото мокрење во текот на ноќта може да се случува и кога децата знаат да мократ во тоалетот, а истото го прават и во текот на ноќта, но без да сакаат.

    Четири начини како да е справите со ноќно мокрење во кревет на вашето дете

    Неконтролираното ноќно мокрење најмногу е застапено кај децата под седум годишна вораст, но и кај повозрасни деца.

    Докторите велат дека постојат работи кои можат да се преземат во мигот кога и вие и вашето дете ќе бидете подготвени.

    * Постојат неколку причини поради кои децата мократ во креветот во текот на ноќта:

    1. Некои од децата мократ бидејќи спијат подлабоко и не можат да се разбудат во мигот кога нивниот мочен меур е преполн;

    2. Многу од децата произведуваат поголема количина на мочка во текот на ноќта;

    3. Голем дел од децата имаат и помал мочен меур, што ја зголемува можноста за мокрење во текот на ноќта.

    Исто така забележано е дека ваква појава може да се случува и кај децата на кои родителите истото го правеле кога биле мали.

    * Начини како да се справите со овој проблем:

    1. Будете го детето во текот на ноќта и потсете го дека треба да мокри, со што и кај детето ќе создадете навика дека во текот на ноќта ќе треба да се буди;

    2. Доколку вашето дете потешко се буди, тогаш земете го во рацете и однесете го вие во тоалетот и кажете му што треба да прави;

    3. Обидете се да му го разделите внесувањето на течностите во текот на денот, за детето да не мора пред спиење да консумира поголема количина на вода;

    4. Обидете се да забележите кое време во текот на ноќта вашето дете мокри, па поставете му аларм со кој ќе го разбудите, а самото повторување на алармот кај детето ќе создаде навика за будење, со што вие нема да бидете приморани истото да го правите или да се обвинувате дека некогаш сте се успале повеќе одошто требало.

    Сепак, алармот е препорачлив за децата на седум годишна возраст, но понекпогаш и за помали деца, но во консултација со вашиот лекар. Воедно, пред поставување на алармот треба да се избере потивка мелодија која нема да го исплаши детето, а и нема да ги разбуди сите во просторијата.