×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • #ЧитамеВоПеток: Наша книжевна препорака за денес

    23.07.2021 10:48 | Сара Ѓорѓиоска

    Доколку се` уште не сте одлучиле во кој книжевен свет ќе нурнете оваа недела, нашата препорака ќе биде класикот „Оркански височини“ на Емили Бронте. Сестрите Бронте до ден денес држат култен статус во литературата, а единствениот роман на Емили се смета за сериозна конкуренција (ако не и надминување) на познатиот „Џејн Ер“ на Шарлот Бронте.

    #ЧитамеВоПеток: Наша книжевна препорака за денес

    Интригантниот стил и ненадминливата оригиналност во изразувањето на најприродните човечки емоции е она што ќе го направи овој роман дело кое нема да го заборавите. Фабулата се наѕира и од насловот, орканските височини во себе носат и буквално значење на карпестиот терен, Јоркшир, во кој се случува дејството од делото, но и изразена метафорика на турбулентен,
    “карпест“ психолошки период. Од уметноста, од која реалниот живот црпи инспирација, јасно ни е дека најстрасните, најпотресните и најслатките љубови се токму оние кои се недозволени или попречени. Приказната за Кетрин и Хитклиф, со сите успони и падови, сите стресни слики, но и оние нежните – со сигурност ќе разбуди нешто во вас и загарантирано нема да останете рамнодушни.