„Црвена јабука„ најавува незаборавна журка
Дразен Жериќ - Жера и останатите членови на „Црвена Јабука„ денеска прошетаа низ Куманово и се сретнаа со новинарите, пред вечерашниот настап на Градскиот плоштад.

Драго ни е што вечерва сме тука и ветуваме дека пречекот на Новата година ќе биде за паметење и граѓаните ќе уживаат во нашата музика. На репертоарот ќе бидат како нашите песни, така и некои посебни изненадувања. Секогаш со задоволство доаѓам во Куманово и на кумановцани им посакуваме многу здравје, среќа и љубав во Новата година- изјави Жера.
Тој откри дека како и сите граѓани на овие простори, така и тие имале тешка година, но се надева дека наредната година ќе биде подобра и ќе ја запаметат по успеси.