Дамите од „Сексот и градот“ повторно во акција!
25.12.2009 14:43
| KumanovoNews
На интернет сајтовите се појави и првата официјална најава за продолжението од филмот „Сексот и градот“. Заплетот на овој филм претставува една од најстрого чуваните тајни во Холивуд.

За него неможе да се дознае буквално ништо. Ниту кој што работи, дали некој раскинал или некои нови ликови, но затоа трејлерот од филмот е полн со гламурозна мода а сето тоа е пропратено со моментално најпознатата песма за Њујорк, „Empire state of mind“ во изведба на Џај Зи и Алиша Кис.
Премиера на „Секс и град 2“ е закажана за крајот на мај наредната година.