Мени

Дарко Филиповиќ за Стара нова година во Куманово

09.01.2012 11:33 | KumanovoNews

Српската фолк-ѕвезда Дарко Филиповиќ за Стара Нова година ќе пее во Куманово. Традиционално Српската заедница Куманово организира дочек на православната нова година во ресторанот Грација.

Дарко Филиповиќ за Стара нова година во Куманово

Филиповиќ ќе го прати оркестарот „Бисери„ од Куманово, а ќе пее од 21 часот па до раните утрински часови.

 Има голем интерес за продавање на картите бидејќи Дарко Филиповиќ е одличен пејач и многу популарен меѓу кумановчани. Влезниците  можат да се купат во просториите на Српската заедница во зградата на поранешен Комитет или на телефон 411 851, секој ден- вели претседателот Горан Зафировиќ. 

На прославата на Српската вечер ќе присуствуваат гости од Ниш, Врање, и повеќе градови од  државата.