Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп (13.09.2020)
Овен
Иако вашиот хороскопски знак не е вага, овој ден ќе треба да држите баланс помеѓу нешто старо и нешто ново. Обидете се да останете на кажаното, за да го премостите создадениот јаз.
На работата дружете се со вашите колеги. Поставеноста на планетите, денес ќе ви овозможи да имате сјајна насмевка, која ќе ги освојува симпатиите на останатите и може баш поради насмевката некој да сака да ви помогне.
На љубовното поле, можеби е време да размислите зошто сте сами? Можеби треба да бидете помалку пасивни. А пак припадниците на овој хороскопски знак, доколку во текот на денот се чувствуваат неисполнети, препорачливо е за истото да поразговараат со партнерот.
Бик
Во последно време постојано сте во пoдготовка за нешто, но сега кога подготовките ги имате завршено, вие никако не се одлучувате да дејствувате. Можеби денес е денот за тоа, затоа што никогаш нема да го најдете вистинското време.
На работата можно е да делувате пасивно, но тоа не треба да биде причина за да не ја завршите работата добро.
Во последно време, постојано калкулирате кога е во прашање љубовта. Но секогаш превагнува на станата на вашиот партнер. Додека вие не ги преземете работите во вашите раце, ништо нема да се смени. Една романтична вечер и уживање во спалната соба со вашиот партнер, можат целосно да ви ги подобрат односите.
Близнаци
Секако дека вашиот хороскопски знак од вас бара да бидете "двојна личност" и постојано да се мачите околу двата аспекти на работите. Меѓутоа, денес, доколку наиде некој "воз", качете се во него и не размислувајте за последиците.
Проектот кој го работите последните месеци ќе ви донесе добри резултати. Само внимавајте кај газите денес, за да не си создадете дополнителни проблеми.
Постојано правите нешто за да бидат работите во најдобар ред. Доколку нешто ви пречи во љубовта, можеби и не е најправилниот начин истото да го негирале. На крајот на краиштата и ваш ќе ви се истроши енергијата која ја вадите "од петите" за вашиот партнер. Што мислите дека ќе се случи тогаш?
Рак
Денес нешто навистина ќе ви го размрда денот. Иако очекувавте да се разбудите и да имате мирен ден, очекувајте "земјотрес". Но само неколку паметни чекори на страна ќе ви донесат сосема безбедна зона.
На работата ќе бидете особено продуктивни, па поради истата причина не дозволувајте некој разговор надвор од работата, да ви ја одземе креативноста на работата.
Денес, на љубовното поле ќе бидете особено страствени, па искористете го истото за да поминете ноќ полна со љубов и страст. Секако, не правете компромиси доколку истата личност не сака наутро да се разбуди со вас, денес не е денот за тоа.
Лав
Заборавете на вашиот паричник и помислете на вашиот партнер. Веќе е време да си дозволите уживање, па можеби со истото и ќе ја намилете напнатоста од последниот период. Раширете ги сопствените крилја!
На работата ве очекува неверојатен успех, кој веќе подолго време го очекувате. Можеби е веќе и време да побарате покачување на платата.
На љубовното поле, веќе подолго време се чувствува дисхармонијата. Можете на самиот почеток вашиот пристап беше поагресивен, па сега очекувате истото да трае, размислете дали е до вас. Слободните припадници на овој хороскопски ден, можеби е поубаво денот да го поминат без впуштање во љубовни врски.
Девица
Што и да правите денес, ќе уживате во истото, па дури и во седењето дома. Истото ќе ви биде овозможено поради вашата прилагодливост иако вие ќе сте тој/таа кој/која ќе ги држи конците.
На работата, обидете се да се сконцентрирате на она кое треба да го сработите. Почнувањето на една работа, па префрлувањето кон другата, може само да ви ги искомплицира работите.
На љубовното поле, денес ќе зрачите со енергија. Меѓутоа, истото ќе го барате и од вашиот сакан, т.е ќе сакате и тој да биде во корак со вас. Доколку не може, размислете дали вие навистина сакате да бидете со човек кој не се обидува да расте.
Вага
Во текот на денот иако ќе имате некои мали грижи, сепак пред вас ќе биде отворена врата која ја чекате подолго време. Не одете со затворени очи, употребете ја вашата креативна мисла за да стигнете до она што го сакате.
На работата веќе подолго време, одредена личност ве кочи во спроведувањето на вашата работа, застанете еднаш засекогаш пред неа и отворете ги картите. Во секој случај полошо не може да биде.
Иако можеби работите во љубовта не одат како вие што сакате, не обвинувајте се само себеси. За се' во животот се потребни двајца. Можеби е време да поразговарате со партнерот, затоа што вашата врска е изградена баш врз основа на искреност и меѓусебно разбирање.
Шкорпија
Во текот на денот можно е да чувствувате тензија. Но доколку успеете да го издржите истото ментално, тогаш работите ќе тргнат на подобро.
Не дозволувајте вашата негативна енергија да се одразува и на вашата работа. Ако се почувствувате несигурни, потсетете се на ова: се' во животот има рок на траење. И вашата негативна енергија ќе помине.
На љубовното поле, вашата тензија ќе делува сосема спротивно, односно денес ќе бидете особено страствени. Па, зошто да не? Искористете ја енергијата која ја имате за убави нешта. Слободните припадници на овој хороскопски знак, слободно можат да се впуштат во авантура и така постојано ќе мислат на тоа.
Стрелец
Денес постојано ќе бидете опкружени со информации. Искористете го истото доколку ви се овозможи ситуација за истакнување.
На работата е можен убав пресврт, но не заборавајте дека вашата работа е тимски условена.
Во љубовниот живот, размислете да внесете повеќе страст. Иако сте личност која сака се' однапред да испланира, токму вашиот авантуристички пристап може сосема да го "избезуми" вашиот партнер.
Јарец
Во последно време сте некако преплашени. Вашиот страв е оној кој ве сместува зад завесата, но од таму е секогаш темнина. Иако излегувањето "пред публиката" може да изгледа страшно, сепак е и добар чекор за примање на убава енергија, која вас ве очекува во овој период.
Денес, на работата не обидувајте се да ги прескокнете потешкотиите, затоа што ќе ви се вратат како бумеранг. Работете полека и по ред.
Дали се секаќавте како помили кога учевте да броите од 1 до 10, па назад? Да? Искористете го истото денес кога ќе сакате да се скарате со вашиот партнер. Не заборавајте дека сте со него затоа што ви значи. Енергијата за расправање можете да ја искористите за една убава ноќ со вашиот партнер, кој ќе биде пријатно изненаден.
Водолија
Денес, се' околу вас не некој чуден начин ќе биде негативно. Но, вие не сте причината за истото! Обидете се кај другите да го пеобудите тимскиот дух на комуникација, можеби истото ќе ја поправи ситуацијата.
На работата, некоја личност особено ќе го критикува вашиот начин на работа. Обидете се да ја избегнете фрустрацијата, секако на крајот од денот нема да сте на работа.
Во последно време се чувствувате како да немате многу среќа кога се во прашање вашите емоции. Вие не сте агресивна личност, не бидете "нападни", она што е за вас, вие со вашата смирена енергија ќе си го добиете.
Риби
Еве, повторно сте во форма. Денес, нема да имате проблем ниту со дисциплината. Иако, некоја авторитет на личност ќе ви застане на патот, обидете се вашата смиреност да ја искористите за да не реагирате на прва. Секако дека утре или некој друг ден ќе мора да разговарате за проблемот, но тоа нека биде кога вие ќе одлучите.
Доколку постојано се чувствувате дека нешто ви ја попречува работата, можеби е време да размислите да побарате да бидете преместени од тимот.
Иако, кога станува збор за љубовта знаете да бидете нежни, денес ќе преовладуваат посилни, страствени емоции. Затоа препуштете им се на страстите и покажете му на партнерот колку многу уживате што е покрај вас.