13. 10. 2020 08:01

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (13.10.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (13.10.2020)

 Дневен хороскоп

Овен

Овој ден голем дел од вашите финансиски средства ќе ги потрошите, затоа што ќе сакате да излезете со вашите блиски. Не ја трошете непотребно енергијата на непожелни луѓе. Следете ја сопствената визија и воспоставе конкретна цел.

Бик

Денес не сакате да примате критики од другите луѓе. Препуштете им се целосно на задоволствата на љубовта. Ако успеете да реагирате на време денешниот ден ви ветува огромно ниво на страст и романтика.

Близнаци

Подолго време сте во период на стагнација, па можеби е веќе време да превземете нешто во врска со тоа. Сите непродуктивни мислења тргнете ги на страна и конкретно зацртајте си ја вашата цел кон патот на успехот. Некогаш е подобро да да отстапите од воспоставените правила.

Рак

Премногу сте тврдоглави во односите со вашиот партнер. Лесно потоа сте под туѓо влијание и често слушате бескорисни совети. Обидете се да избегнете ризични активности. И обидете се на последниот ден од неделата да направите нешто позитивно за себе.

Лав

Денес сте во одлично расположение и за да го држите нивото во текот на целиот ден обидете се да не се оптеретувате со непотребни работи. Во текот на следните денови ве очекува интересен период во кој може да запознаете некоја личност која ќе ви го промени целиот живот.

Девица

Тежнеете за нова љубов или романтични разговори коишто ќе ги разбудат вашите скриени емоции. Излезете на ручек со блиски пријатели и уживајте во пријатна атмосфера. Опуштете се и дозволете да си ги почувствувате вашите мисли.

Вага

Имате премногу идеи, а премалку енергија за да ги исполните. Можеби и финансиската состојба придонесува за дел од тоа, но сепак не дозволувајте овие состојби да ве демотивираат. Ако сте слободни и осамени сега е време да превземете иницијатива и да го направите првиот чекор.

Шкорпија

Многу лесно се откажувате уште на првата препрека. Вие не успевате да дојдете до крајот, бидејќи се најчесто она што ве недостасува е вашата мотивација. Поработете на она што ви е слаба страна, затоа што никој ништо не успеал без да оди до крајот. Бидете дискретни во средбите со партнерот.

Стрелец

Успешно ги завршивте зададените обврски уште пред предвидениот рок. Преостанатото време искористете го сами за себе, направете прошетка со вашата поубава половина. Не се повлекувате во себе обидете се да ги искажете своите емоции, затоа што е неопходно да се справите со нив, за да продолжите понатаму. Бидете попозитивни.

Јарец

Ве очекува пријатно изненадување од пријателите. Денот ќе ви тргне на добро обидете се да го одржите ритамот во текот на целата недела. Сега е добро време да направите промена на љубовен план. Покажете ги вашите чувства.

Водолија

Покажете колку би значи партнерот со тоа што ќе покажете необичен гест на внимание или приредете му некое изненадување. Намалете ја комуникацијата со деловни партнери и искористете го овој период за уживање во љубовта.

Риби

Можеби премногу сте импулсивни и брзо реагирате на неправди. Би било добро доколку поработите на вашата самодоверба. Контролирајте ги вашите емоции, не бидете импулсивни. На љубовен план, се потребни двајца за тоа направете некогаш и вие чекор, за на крајот на краиштата и да научите што е компромис а и за да уживате во прегратката на вашиот сакан.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk