×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (13.5.2020)

    13.05.2020 07:07 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (13.5.2020)

    Овен

    Доколку немате доверба во некој од вашите колеги, тогаш избегнувајте ја соработката.

    Дилемата на љубовното поле која сакате да ја разрешите, не зависи од вас.

    Бик

    Планираните работи не одат во правецот кој вие го посакувате. Не бидете индиректни со кажувањето за тоа што сакате и што ви пречи кај останатите.

    Вашиот партнер во текот на денот се' повеќе ги менува своите мислења и на тој начин ве прави се' понервозни.

    Близнаци

    Некој навистина ве избегнува и не знаете на кој начин да се справите со ситуацијата. Побарајте совет од некој близок.

    Во разговор со саканата личност заборавате на темите коишто ве оптеретуваат.

    Рак

    Доколку сакате да профункционирате на работата од особено значење е да поставите заеднички правила.

    Понекогаш претерувате во барањата кон вашата сакана личност.

    Лав

    На вас останува да ги спроведете на дело работите коишто сакате да ви се случат.

    Делувате расположено и затоа партнерот ќе го даде својот максимум за да ви го задржи убавото расположение.

    Девица

    Денес ќе имате среќа да искористите некоја можност која ќе биде наменета за некој друг. Како се вели: не за кого е речено, туку за кого е печено.

    Не форсирајте ги работите коишто ја иритираат вашата сакана личност.

    Вага

    Од особена важност е да направите добра проценка, доколку навистина сакате да успеете во тоа што го имате испланирано.

    Пред да ставите точка на некои работи, искрено, поразговарајте со саканата личност.

    Шкорпија

    Некој почнува да ги критикува вашиот начин на работа. Размислете добро пред да изреагирате бурно.

    Упорно се обидувате да го смените мислењето на вашиот партнер, но не успевате во тоа.

    Стрелец

    Денес ќе бидете со такмичарски дух и нема да можете да се сопрете. Доколку дојде до недоразбирање, само обидете се да бидете појасни.

    На вашиот партнер понекогаш треба да му објасните се' како на мало дете.

    Јарец

    Денес нема да имате желба да им одговорите на сите на нивните прашања или пак барања. Едноставно, енергијата ќе сакате да си ја сочувате за некои поважни работи.

    Не се откажувајте толку лесно од саканата личност.

    Водолија

    Денес ќе се чувствувате малку негативно,поради поставеноста на вашата планета, но тоа не значи дека вие не треба да се потрудите да го подобрите вашето расположение.

    Не преувеличувајте ги работите кога станува збор за љубовта.

    Риби

    Работите коишто ги доживувате на професионалното поле ве вадат од колосек и не знаете како да се однесувате. Најдоброто решение е да не се реагира со "топла" глава.

    Бидете поумерени со очекувањата кога станува збор за љубовта.