Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
На работното место почнуваат да се подобруваат работите, денес она што треба да го направите вие е само вложување на поголем труд.
Обидете се да сфатите прво вие што сакате, а дури потоа да наоѓате маани кај другите. Вашата неодлучност, најпрво, треба да си ја решите со себе.
Бик
Иако почетокот на овој ден може да ви биде понапорен, сепак остатокот на денот ви носи многу порелаксирана атмосфера.
Со самата работа на себе и промената која ја доживувате на индивидуален план, вие станувате поинтересни за партнерот, па и тој се менува на подобро. Слободните припадници денес може да запознаат некоја доста шармантна личност.
Близнаци
Денеска според поставеноста на планетите, вие би требало да сте поефикасни на работата, она што треба да го направите е да не се откажувате од вашиот „осет“ за работата.
Иако сте зауљбени, сепак поголем дел од времето си го посветувате на себеси. Обидете се да направите баланс.
Рак
Ако денес на работата нешто тргне спротивно од вашите очекувања, искористете го искуството од минатото. Нашиот живот е нашиот најдобар ученик.
Без разлика дали имате или немате партнер, денеска ќе сакате да имаме до себе некој со кого ќе можете да се релаксирате и да излезете за да пропешачите. Чистиот воздух и ведрата мисла ви недостасуваат со денови.
Лав
Соработниците околу вас, имаат големи очекувања од вашата работа. Иако можеби тоа не го кажуваат на глас, сепак имаат особена доверба во вас.
Не ја мешајте љубовта со пријателството, разграничете ги тие работи.
Девица
Денес нема да има особени промени на професионалниот план, освен за оние кои работат со некоја странска фирма.
Внимавајте со тајните коишто ги оформувате овие денови, тајното во љубовта може да биде погубно.
Вага
Денес повторно ќе бидете преокупирате со финансиите, па ако ви се овоможи дополнителна работа и со минимален хонорар вие ќе ја прифатите.
Кога станува збор за љубовта, не можете да се помрднете од мртва точка, но делумно вината се наоѓа и кај вас, бидејќи не преземате иницијатива.
Шкорпија
Денеска нема да бидете особено расположени, но ќе се обидете тоа да си го сочувате за себе. Едноставно ќе се водите од мислата дека сѐ поминува, што навистина е и точно.
Потрудете се на партнерот да му посветите повеќе време, затоа што оддалечувањето е најплодна почва за оформување на конфликти.
Стрелец
На работата може да ве очекува некоја помош, па затоа не бидете премногу строги кон оние кои раотат со вас.
Без разлика дали сте или не сте слободни, не размислувајте за минатото, затоа што овие денови ви ги поматува мислите, кои инаку ви беа побистри.
Јарец
Вие сте знак кој чека кога ќе му се укаже можност, односно кој остава работите да се средат сами по себе. Денес нема да биде таков пример, па затоа обидете се да бидете поажурни.
Денеска ќе се преиспитувате дали навистина сакате да останете во врската во која сте, затоа што партнерот свесно или несвесно повторно ви ги наметнува своите правила.
Водолија
На работата ќе имате добробит од некоја друга страна, во која вие нема ни да учествувате. Ако се случи такво нешто, не двоумете се да ја прифатите со насмевка.
Лесно можете да паднете во нечија емотивна замка, но прво размислете дали тоа е така длабински или само изгледа розово на површината.
Риби
Вие сте знак кој балансира со комуникацијата, бидејќи ниту сте нејзин љубител, а ниту пак ја мразите. Меѓутоа, денес ќе треба да употребите некои комуникациски вештини доколку сакате нешто да постигнете.
Не делувајте толку емотивно на сите зборови на вашиот партнер.