×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (18.6.2020)

    18.06.2020 07:20 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (18.6.2020)

    Овен

    Иако сакате се' да биде идеално, сепак денес ќе ви недостасуваат некои детали за да ја завршите работата до крај.

    На љубовното поле она што е важно денес е да и' дадете вистинска вредност на емоциите на саканиот.

    Бик

    Овој ден направте си план како да ги завршите обврските навреме и потоа дадете си одмор, затоа што тоа ќе го бара вашето тело.

    Полека, но сигурно денес ќе ја изгубите желбата и волјата да се занимавате со љубовните прашања.

    Близнаци

    Вие сте знак кој со леснотија ги завршува работите, но кога ќе сака. Па така ако денес наидете на некоја потешкотија тогаш само вклучете ја вашата креативна енергија.

    Уживате во она што го имате на љубовното поле и не сакате никој да ви се меша во работите.

    Рак

    Денеска ќе чувствувате не само психички туку и физички замор, па затоа поспоро ќе ги завршувате обврските од вообичаено.

    Иако на љубовното поле друштвото на саканиот ви е убаво, сепак денес ќе сакате порано да ви заврши денот и да легнете за да се одморите

    Лав

    Иако сакате да напредувате на повеќе полиња, сепак гледате дека тоа не е зависно само од вас. За да го остварите тоа што го имате наумено, потребно е многу коцки да ви се поклопат.

    Не можете да му занемарувате на партнерот затоа што се интересира за вашите излегувања.

    Девица

    Вие сте знак кој самоуверено си ги брани своите интереси, но денес нема да биде таков пример. Притисокот од околината ќе направи да се посомневале во исправноста на она што го споделувате. Иако е така, сепак размислете објективно.

    Личноста која ја сакате честопати успева да ги избегне вашите телефонски повици.

    Вага

    Поради вашите очекувања за во иднина, денес ќе направите исклучок и ќе поминете преку некои неправилности кај вашите колеги.

    На љубовното поле се обидувате да преземате поконкретни чекори, што е доста збунувачко за вашиот партнер.

    Шкорпија

    Не се сомневајте во тоа дали вашата активност ќе биде наградена или не. Тоа се случува секогаш, порано или подоцна, а вие сте пример за истото.

    На љубовното поле, барате трпение и разбирање.

    Стрелец

    Вие знаете како да постапувате и во потресни ситуации на работата и поради вашата стратегија побрзо да се решат работите. Затоа и денес ќе ве очекува позитивен резултат.

    Не бидете премногу строги кога станува збор за љубовта, покажете разбирање, секој може да направи грешка.

    Јарец

    Вашето секојдневно дополнително ангажирање на работата, станува проблем за секојдневното функционирање. Затоа дадете си одмор, навреме.

    Љубениот нема разбирање за вас.

    Водолија

    Имате разбирање за сите околу вас и барате начини како да им излезете во пресрет. Вашата добрина често нема граници.

    Кога станува збор за љубовта, спремни сте за "борба" за да го добиете тоа што го сакате.

    Риби

    Добро размислете за вашите барања на работата, затоа што денес нема сите да бидат особено заинтересирани за соработка. Внимавајте на времето и местото.

    Ако вашите сомнежи на љубовното поле не се оправдани, тогаш не очекувајте некој да има разбирање за вашето однесување.