×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (21.5.2020)

    21.05.2020 07:05 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (21.5.2020)

    Овен

    Не двоумете се да побарате помош за остварување на некоја цел. Поддршката понекогаш е неминовна.

    Важно е да делувате инспиративно за партнерот и да не препуштате се' на случајност.

    Бик

    Критериумите на работата треба да ги градите според степенот на важноста на она што го работите, а не според колективни мислења. Честопати колективот знае да погреши.

    Доколку ви недостига некоја личност, тогаш нејзината најдобра замена ќе ја најдете во некој ваш близок.

    Близнаци

    Денес ќе се најдете надвор од главните случувања на работата и тоа ќе ве направи понервозни. Однесувајте се според моралните начела, не водете се од гневот насобран во вас.

    Рак

    Не ви се допаѓа сознанието дека некој има скриени намери и затоа инсистирате вистината да излезе на површина.

    На емотивното поле, ќе се чувствувате збунето и несигурно.

    Лав

    Нема потреба да се однесувате нервозно и да влијаете негативно на околината. Доколку имате некој проблем, тогаш поразговарајте за него.

    Некој денес може емотивно да ве изманипулира.

    Девица

    Не ви се допаѓа сознанието дека некој го критикува вашето мислење, па се обидувате да најдете некоја друга средина каде што ќе се почувствувате дека припаѓате.

    Доколку имате чувство дека партнерот нешто ви премолчува, тогаш не стојте на страна и не чекајте работите да се откријат сами по себе. Преземете акција.

    Вага

    Потребно ви е време за да ги завршите работите како што треба, но сепак чувствувате притисок од околината. Денес ќе имате чувство дека никој не сака да ве разбере.

    Кога станува збор за љубовта, не гледајте ги работите само од вашата субјективна страна.

    Шкорпија

    Имате чувство дека некој друг е оној кој е главен и кој почнува да ги одредува правилата на играта, а вие сте само негов играч. Не се тргајте на страна кога се во прашање вашите интереси.

    Потребен ви е искрен пристап од страна на партнерот.

    Стрелец

    Не верувајте на информации коишто доаѓаат од страна, вие самите внимателно анализирајте ја ситуацијата и зборовите на вашиот колега.

    Денес ако сакате да решите некои љубовни дилеми, потпрете се на својата интуиција.

    Јарец

    Не дозволувајте некој вашата грешка да ја направи поголема од тоа што е. Секој може да погреши, но тоа не го прави помалку способен.

    Заборавете на авантурата којашто ви се врти низ главата, не е секој вреден за ризикување.

    Водолија

    Доколку навистина ви се важни вашите цели, тогаш мора да најдете партнер со кој ќе ги реализирате. Денес, нема да можете сами да се справите со она што ве чека.

    Денешната средба со некоја личност од спротивниот пол ќе направи да се почувствувате емотивно нестабилни.

    Риби

    Вашата енергичност ќе делува негативно на вашите соработници кои нема да сакаат да бидат дел од "прекумерна" работа. Доколку не најдете заеднички јазик, направете го тоа сами.

    Партнерот нема разбирање за вашите емоции и не свртува внимание на вашата нерасположеност.