×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (24.09.2020)

    24.09.2020 06:05 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (24.09.2020)

    Овен

    Супер ден во кој се' ќе можете да постигнете. Дури еден миг и ќе се запрашате, како е можно во само еден ден да ги завршите сите работи. Но, покрај вашата ефикасност, денес би можеле да почувствувате и "блага" нервоз. Во тој случај, свртете се на емотивниот дел, бидејќи исто така ќе бидете и расположени за "краток флерт" кој ќе ви измами слатка насмевка на лицето

    Бик

    Еве го денот, кога и вие на се' што ќе се свртите ќе ви оди од рака. Меѓутоа, истото нема да се случи, само затоа што ви се наклонети ѕвездите, туку и затоа што сте упорни и вредни. Реално гледате на можностите и ја користите вистинската можност за да ги искористите. Ако сте толку ефикасни во текот на овој ден, тогаш разговарајте и со вашиот партнер за она кое сакате да му го кажете подолго време.

    Близнаци

    Овој ден ви тргна од рака. Раширете ги рацете и "прегрнете го небото", затоа што често забораваме дека сме многу поголеми од телото во кое сме сместени. На работата, ќе бидете особено ефикасни, па дури и да има тензии, лесно ќе ги решите. Меѓутоа, денес денот ќе сакате да го посветите на вашите пријатели повеќе отколку на партнерот. А тоа не е кривично дело!

    Рак

    На располагање ви е се' што сакате ако се потрудите да успеете, ваше е само да вложите труд и да не седите со скрстени раце. Ништо нема да ви падне од небото, самото по себе. Дури и вашиот партнер ќе има трпение, затоа искористете ја можноста да направите нешто со кое ќе се чувствувате гордо.

    Лав

    Овој ден за припадниците на овој хороскопски знак ќе важи правилото: пола-пола. Од една страна ќе бидете ефикасни на работата, но од друга страна пак ќе бидете нервозни. Секоја паричка има две страни. Се' во светот има свое лице и опачина, имајте го тоа во предвид. Затоа, пак од друга страна, ќе се препуштите на лесен емотивен разговор.

    Девица

    Денес обидете се во попладневните часови да ја завршите работата која ја имате. Затоа што тоа било можно и во другите денови, зошто да не може и денес. Па, потоа излезете и позабавувајте се, затоа што според поставеноста на ѕвездите и не се очекува некоја сјајна комуникација со партнерот. Додека пак слободните припадници, на овој хороскопски знак ќе бидат склони на заведување.

    Вага

    Во текот на овој ден, ве очекува напнатост. Постојано ќе се прашувате, дали е возможно да ги завршите сите обврски на вашата работа. Иако за истото и нема да има потреба да бидете загрижени. Исто така, вашата негативна енергија ќе ја пренесете и на вашиот партнер, па затоа обидете се да се опуштите.

    Шкорпија

    Еве ги денот кога пак почнувате "турбо" со работата. Никако да здивнете. Ќе трчате на сите страни ко да не знаете што правите, но за утеха: не плашете се, ќе постигнете се'! Но, веројатно не и да се видите со вашиот/вашата сакан/а.

    Стрелец

    Денес, во некој аспект од вашиот живот, ќе направите договор и постојано ќе размислувате дали е тоа правилен избор или не. Но, по донесената одлука, на човека му е поубаво да верува дека ќе успее, отколку со мислите "да си ја предизвикува судбината". Што се однесува до љубовта, во главата ви се врти личност од која не можете да си ги одморите мислите.

    Јарец

    Денес е денот кога се' може да ви функционира, но и истото се' ќе зависи од вас. Она што ќе го посеете, тоа ќе го ожнеете. Не можете вашата работа да му ја оставите на некој друг, на секого му е преко глава од неговата работа. Сепак, кога станува збор за љубовта ве очекува мирен ден. Слободните припадници на овој хороскопски знак, во вечерните часови ги очекува состанок.

    Водолија

    Денес ќе ве мачат одредени прашања, но за истите ќе најдете одговор во вечерните часови. Никогаш ништо во животот не останало неразрешено. Што се однесува до љубовта, овој ден посебно ќе сте преокупирани со некоја личност, која сакате да ја видите за брзо време.

    Риби

    Особено ќе се чувствува вашата раздразливост. Вашето постојано менување на расположението може да ви влијае и на работата. Затоа своите истрошени батерии, наполнете си ги со пријателите или пак свртете се кон вашата сакана личност, зашто тие се лекот за состојбата во која се наоѓате.