×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (24.6.2020)

    24.06.2020 07:00 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (24.6.2020)

    Овен

    Ве очекува помош од влијателна личност, којашто може да ви ја заврши работата со само еден повик.

    Престанете да се вртите кон нешто кое веќе не постои, сврете се кон некој кој во моментот е тука за вас.

    Бик

    Незадоволството од работата не покажувајте го пред сите, не секој ви мисли добро и не секој знае да биде објективен.

    Потрудете се повеќе време да посветите на саканата личност, затоа што на тој начин ќе ја обновите хемијата која полека но сигурно почнува да згаснува.

    Близнаци

    Денеска, вашата активност ќе придонесе да ви бидат понудени и дополнителни активности, од кои можете да заработите. Прифатете ја понудата, затоа што со неа ќе следат и контакти кои во иднината можат да ви послужат.

    Ситуацијата на љубовното поле станува монотона и неатрактивна, но интересните случки на работата го засенуваат и тоа.

    Рак

    Ако вашата работа, на кој било начин е поврзана со работата во странство, денес очекувајте поволни услови.

    Не ги кријте емоциите, денес изразувањето на емоциите може да има позитивна конотација.

    Лав

    Полека, но сигурно ќе успеете да ги завршите работните обврски, а со самото тоа и да се почувствувате порелаксирано.

    Обидете се да не го мешате пријателството и љубовта, односно да не манипулирате со емоциите на другите.

    Девица

    Ситуацијата на работата не е најдобра, меѓутоа вие мора да се потрудите да ја подобрите.

    Кога станува збор за љубовта, можно е да се случи некој неочекуван состанок, кој ќе ви остави силен впечаток.

    Вага

    Доколку на работата нешто не ви тргне на добро, тогаш потпретете се на вашата тактичност. Без неа нема да успеете да ја завршите работата.

    Во моментот на љубовното поле се наоѓате во фаза на заљубување, без разлика дали станува за почеток на нова врска или за тековна. Но, тоа е нешто на кое треба да се радувате.

    Шкорпија

    Прoмените коишто ви се случуваат во животот во моментот видно ви влијаат и на расположението, а и на работата. Додека останатите размислуваат како да се ралаксираат, вие размислувате како да заработите повеќе пари.

    Тоа што имате одредени очекувања, не значи дека е лошо за вас или вашиот партнер. Вие мора да направите одреден компромис, за заедничко живеење.

    Стрелец

    Ситуацијата на работата станува подобра и за вас и за вашите колеги. Деновиве ќе чувствате огромна поддршка и наклонетост од страна на надредените.

    Понекогаш станувате премногу склони кон критиката, па поради истата причина поголем дел од времето го поминувате сами.

    Јарец

    Денес по подолго време ќе имате можност да воспоставите контакт со некои поважни луѓе коишто ќе можат да ви се најдат во иднината, затоа бидете покомуникативни и отворени за соработка.

    Емотивно реагирате на зборовите на вашиот партнер, имате впечаток дека во последно време постојано се наоѓате во последен план.

    Водолија

    Не изостанувајте од контактите коишто ги имате, на база на нив ќе ја градите иднината. Во последно време, токму тие контакти се оние кои ви носат подобри услови на работата.

    Лесно можете да се впуштите во авантура со некоја личност со која соработувате.

    Риби

    Информациите коишто ги добивате, почнуваат да ви го менуваат текот на работата. Она што треба да го направите  е правилно да ги канализирате.

    Во последно време имате поголема потреба за слобода, меѓутоа партнерот како намерно да го знае тоа и да ви ја наметнува неговата волја. Потребно е да размислите што навистина сакате од врската.