Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Денеска успешен ден можат да имаат оние Овни кои се занимаваат со јавна работа, токму тие ќе имаат поддршка од некоја влијателна личност која ќе им ја олесни работата.
Повторно се враќате кон нешто кое за вас претставува минато. Минатото е само привид, често заборавате на тоа.
Бик
Иако мислевте дека сите се наивни како вас, денес ќе видите дека тоа не е така. Не дозволувајте да се најдете во канџите на некој поискусен „волк“ кој може да ви ја згрее „чорбата“ и да ви направи многу поголеми проблеми на работата од некоја ситница.
Вашата сакана личност од вас очекува понежен пристап.
Близнаци
Вашата снаодливост придонесе помирно да ви помине вчерашниот ден, но денеска ќе се чувствувате значително поуморни. Искористете го утрото за шолја кафе пред почетокот на напорниот ден.
Вашиот партнер се чувствува занемарен поради вашите обврски, не правете му го на партнерот она што претходно вие му замерувавте дека ви го прави.
Рак
Денеска некои работи дополнително ќе ви се искомплицираат и нема да успеете да ја завршите работата онака како што сте наумиле. Сепак, внимавајте на односнот кон вашите колеги, не бидете на крај на срцето.
Полека но сигурно станувате поладни кога станува збор за љубовта, страдањето од минатото ви е сосема доволно.
Лав
Она што се очекува од вас овој ден е поголема доза на оптимизам, затоа што на тој начин ќе делувате позитивно и на вас и на вашата околина и полесно и побрзо ќе ги завршите работите.
Не очајувајте доколку не добивате поголемо внимание од вашиот партнер, направете нешто со кое ќе си го вратите она што го имавте претходно.
Девица
Влегувате во нов сегмент на работата и истото колку што ви прави да се чувствувате убаво, исто така придонесува да се чувствувате и несигурно, но секој почеток е ист.
Бидете реални кога раскажувате за вашиот љубовен живот, затоа што преувеличувањето не само што кај другите создава недоверба, туку предизвикува и вие да се чувствувате неисполнето. Љубовта е навистина бајка, но и јунаците во секоја бајка во одреден период поминуваат низ некои премрежја.
Вага
Доколку сте нови во некој сегмент од работата не очајувајте уште на самиот почеток. Сите почетоци се слини на свој начин и различни по себе во споредба со претхнодното искуство. Но, едно е исто-секој почеток е потежок, важна е истајноста.
На емотивното поле не се одвива се` како што очекувавте, но сепак се обидувате да учите од грешките и да ги поправите работите за кои мислите дека вие сте предзвикале негативни последици.
Шкорпија
Иако во моментот финансиски не сте на најдобро ниво, сепак очекувате истото да се подобри, бидејќи во моментот вложувате во вашата работа и навечер се враќате целосно уморни. И самите сте свесни дека на крајот секој труд има цена, каква-таква.
Очајувате поради состојбата на емотивното поле, иако знаете дека делумно винатата се наоѓа и кај вас.
Стрелец
На работата денеска држете се до искуство, на тој начин нема да можете да направите грешка, а и на истиот начин нема да се сомневате во вашите постапки.
Стравот што се однесува до емотивното поле полека но сигурно исчезнува, доколку бидете отворени голема е можноста во наредниот период да влезете и во врска.
Јарец
Финасиски не стоите добро подолг период и тоа ве прави понервозни. Денеска, утехата ќе ја барате кај поблиските луѓе.
Емоциите коишто ги имате кон некоја личност полека паѓаат во вода.
Водолија
Можете да бидете вреднувани од вашите колеги, но саму ако ја искористите и тактичноста, а не квалитетот, а тоа ќе го потврдите и денеска.
На љубовното поле се обидовте да направите промена, но гледате дека тоа нема резултат.
Риби
Денеска они кои ќе бараат работа ќе им се посреќи, затоа не плашете се да го направите тоа. Контактите коишто ќе ги воспоставите денес може да ви послужат.
Оставете го на страна стравот од минатото, кога се работи за љубовта.