×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (30.1.2020)

    30.01.2020 08:44 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (30.1.2020)

    Овен

    Денес иако ќе вложите повеќе напор за да функционирате полесно на работата, сепак истото нема да вроди со плод. Вам на лицето ви се чита што мислите. Не се мачете да ги сокривате емоциите пред луѓето на кои навистина им верувате.

    Бик

    Нема причина да ги одложувате вашите обврски за други денови, ако навистина нешто сакате да завршите побрзо, тогаш фатете се за работа. Препуштете му се на партнерот и денес уживајте додека тој ја има главната улога.

    Близнаци

    Не дозволувајте некој околу вас да ви ги помати мислите и индиректно да ве натера да го направите она што тој го сака. Држете се до своето и кажете си ги јасно и гласно причините за вашиот став. Не губете ја трпеливоста кога станува збор за вашиот сакан.

    Рак

    Ветувањата кои ги добивате не претставуваат никаква гаранција дека ќе се исполнат. Во одреден момент мора да бидете построги, за да ги заштитите вашите интереси. Потрудете се да делувате привлечно и инспиративно за спортивниот пол.

    Лав

    Важно е да оставите позитивен впечаток, околината ќе знае да го препознае тоа, бидете трпеливи. Покажете и' на саканата личност дека имате разбирање за нејзините чувства.

    Девица

    Доколку премногу критикувате нечие однесување, тогаш подгответе се денес истото да ви се врати вам. Ако сакате да промените нешто, обидете се најпрво со трпеливоста, без да бидете навредливи. Избегнувајте ги луѓето кои не ги задоволуваат вашите критериуми, вам ви се потребни искрено разбирање и внимание.

    Вага

    Денес пред да ги обвините другите за вашиот неуспех, размислете дали и вие сте виновни. Не напаѓате се' околу себе, доколку сте незадоволни од вас самите. Доколку не знаете што се случува помеѓу вас и партнерот, посветете поголемо  внимание на неговото однесување, клучот лежи токму таму.

    Шкорпија

    Иако сте хороскопски знак кој постапува според рационалноста, сепак денес следете го вашиот инстинкт. Се' може да се оствари, па дури и кога љубовното поле е во прашање, но доколу сте доследни и искрени во намерата.

    Стрелец

    Денес ќе делувате мудро и промислено во друштвото. Меѓутоа, не докажувајте се вие пред другите, дозволете и' на околината сама да го каже тоа. Покажете интерес за она што го планира вашата сакана личност, и обидете се да не потклекнувате на провокации.

    Јарец

    Денес постојано ќе барате излез од најразлични ситуации, но тоа ќе ви оди малку потешко. Избегнувајте го ривалството и љубомората кога е љубовта во прашање, покажете и' на саканата личност дека ги имате истите потреби како и таа.

    Водолија

    Бидете претпазливи со личноста која денес ќе се обиде да ве обврзе на работата. Останете доследни на вашите уверувања и интересирања. Убавите емоции кај вас ја будат креативноста, затоа насочете се кон нив.

    Риби

    Договорот со одредена личност на работата ќе ве обврзува на молчење, но тоа целосно ќе се коси со вашите уверувања. Понекогаш посакувате повеќе од она што може да го имате, бидете реални кога ги применувате луѓето. Сите го немаат капацитетот кој вие го имате.