×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (31.3.2020)

    31.03.2020 07:54 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (31.3.2020)

    Овен

    Денес се' ќе ви биде полесно доколку се насочите кон подобрување на односите со вашиот партнер. Неговата поддршка може да ви значи многу во сите аспекти од животот. Слободните припадници денес ќе бидат подобро расположение за комуникација со спротивниот пол.

    Бик

    Не е време кога треба да се жалите на другите, едноставно треба да ја покренете сопствената решителност за да можете да направите промена.

    Убав ден за воспоставување на подобра комуникација со спротивниот пол. Не бидете секогаш негативни.

    Близнаци

    Денес ќе чувствувате дополнителна нервоза која нема да можете да ја тргнете на страна и покрај вашите обиди. Постојано ќе размислувате за тоа како навистина вие имате право да бидете лути.

    Ако сакате да донесете некоја одлука во врска со вашиот љубовен статус не избрзувајте.

    Рак

    Потребно ви е разбирање, особено кога станува збор за работата. Не можете да сфатите зошто луѓето се откажуваат уште при првата пречка.

    Слободниот Рак има добри можности за воспоставување на убава комуникација, а зафатените припадници ги очекува вообичаен ден.

    Лав

    Вие сте задоволни затоа што некој дел од работата успевате да завршите, меѓутоа луѓето околу вас воопшто не се задоволни затоа што знаат дека ќе помине подолго време до целосно решавање на работата.

    Се обидувате на партнерот да му покажете во каква состојба се наоѓате, за да не ви се лути за вашите постапки.

    Девица

    Денес вашето однесување ќе биде подобро од вообичаено, а тоа ќе го забележат сите. Ќе сакате да се исправите на нозе и да се соочите со ситуацијата таква каква што е. Иако мислите дека сега едно патување би ви средило се', сепак бидете среќни покрај луѓето кои ги имате.

    Вага

    Нема да имате посебна инспирација за воведување на некои нови "идеи" во секојдневјето. Рутината во којашто се наоѓате почнува малку по малку да влијае на вашето расположение.

    Оставете ги негативните мисли на страна, така не само што не си правите добро на себеси, туку им наштетувате и на другите.

    Шкорпија

    Минатото постојано ви се појавува пред очи. Сакате да направите споредба на вашето минатото и сегашноста за да извлечете поука за во иднината.

    Комуникација со вашиот партнер се подобрува, ве очекува убава вечер.

    Стрелец

    Луѓето околу вас ќе се чувствуваат запоставени, затоа што почнувате да градите ѕидови преку кои не може да се допре до вас. Партнерот почнува со уцени, а вие не знаете со што го имате тоа заслужено.

    Јарец

    Не се свртувајте кон минатото. Тоа што било и се завршило е минато. Сконцентирајте се кон она што ви е иднина или најдобро кон сегашноста. Овој период се' повеќе мислите дека подобро би ви било доколку сте сами.

    Водолија

    Понекогаш е потребно да ја употребите имагинацијата за луѓето сериозно да сфатат дека она што го првите е правилно. Некои повик ќе предизвика да се чувствувате несигурно.

    Риби

    Имате многу работи со кои некои не би знаеле како да се справат, но вие со помош на вашата внатрешна сила се справувате со се'. Опкружени сте со семејството кое постојано е загрижено за финансиите.