Мени

Џенифер Анистон е бремена?

15.12.2011 14:13 | KumanovoNews

Холивудската актерка Џенифер Анистон, која помалку од една година е во врска со колегата Џастин Теру, наводно, е бремена и чека близнаци, пренесува американскиот таблоид „Стар“.

Џенифер Анистон е бремена?

Овие кажувања ги потврдила и сосетката на Анистон, која рекла дека веќе и' го видела стомачето.

Веста за бременоста на актерката и близнаците уште летоска се појави низ американските медиуми, но Анистон го демантираше тоа.