Мени

Џони Деп во Србија

13.01.2010 14:31 | KumanovoNews

Џони Деп  пристигнa во Србија каде ќе биде специјален  гостин на режисерот  Емир Костурица на третото издание на фестивалот Кустендорф.

Џони Деп во Србија

Неговото пристигнување  беше со хелихоптер, 7 телохранители и со скромни желби за неговото гостување, што не е случајност за неговите колеги, кои имаат специфични и напорни услови за нивниот престој.

Свеченото отварање на фестивалот е закажано за денеска. Тогаш ќе биде откриена Деповата статуа со природна големина на големиот јунак познат како Пиратот од Карибите.