Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вечерта на 19-ти август, астроентузијастите можат да ги подготват своите телескопи за интересно шоу на ѕвезденото небо, бидејќи гигантот Јупитер ќе биде видлив со голо око како огромна, светла ѕвеззда. Ова се случува како последица
од опозицијата која Јупитер ќе ја направи во однос на Сонцето.
Бриони Ланиган, астроном при Кралската опсерваторија Гринвич вели: „Кога една планета е во опозиција на друга планета, таа всушност е на спротивната страна од Сонцето во однос на Земјата (која се смета за средина, бидејќи е наша точка на набљудување); Кога би го гледале Сончевиот систем од птичја перспектива и би повлекле права линија од Јупитер до Сонцето (кога Јупитер е во опозиција со Сонцето), линијата би поминала преку Земјата. Ова не мора да значи дека планетата е најблиску до Земјата во тој момент, поради елиптичната природа на планетарните орбити.“ Ланиган додава дека планетите се во опозиција на Сонцето многу краток период, но во тоа време секогаш се видливи со голо око.
Јупитер ќе биде видлив ниско над југоисточниот хоризонт околу 19-ти август, но таа ги советува љубителите на астрономските феномени да почекаат неколку часа по зајдисонцето, бидејќи тогаш Јупитер ќе се искачи малку повисоко на
хоризонтот (на околу 20-25 степени географска широчина) и ќе биде полесно забележлив.
Оваа опозиција ќе се случи само неколку дена пред полната Месечина на 22-ри август. Ланиган додава дека иако небото нема да биде во потполна темнина, Месечината нема сериозно да го наруши видикот на астрономите.
Бонусот е тоа што набљудувајќи го Јупитер, астроентузијастите ќе можат да го забележат и Сатурн, а со телескоп ќе бидат видливи и Јупитеровите месечини и Сатурновиот прстен. Ед Блумер, исто така астроном при Гринвич обсерваторијата, вели дека и двете планети ќе бидат ниско на хоризонтот, па советот би бил да се најде набљудувачка позиција на некоја висока зграда.