×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Херман Хесе: Човекот сам на себе си е волк

    05.05.2020 18:04 | KumanovoNews

     Херман Хесе е германски поет, сликар и писател, како и добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1946 година.

    Херман Хесе: Човекот сам на себе си е волк

    Тој е еден од ретките писатели кој бил психоаналитичар без да биде тоа по професија,  човек кој во своите дела ја обработува темата на човековата поделеност: едната личност способна да се радува и да биде среќна, а другата секогаш готова својот живот да си го загрозува и да страда.

    И сетоа тоа постои истовремено, едно до друго, се плетка и судира, онака како што Хесе го има објаснето тоа во неговиот роман „Степскиот волк“ во кој ликот Хелер се соочува и со човекот и волкот во себе.

    Во прилог неколку цитати од големиот ум на германскиот писател:

    1. „Ако мразиш некоја личност, мразиш нешто во неа што е и дел од тебе. Она што не е дел од нас не ни пречи.“

    2. „Умот е меѓународен и наднароден. Тој не служи за војна и уништување, туку за мир и помирување.“

    3. „Научи го тоа што сериозно вреди и насмеј се на останатото.“

    4. „Среќни сме само кога не бараме ништо од утрешниот ден, а со благодарност го примаме тоа што го носи денешниот ден.“

    5. „Луѓето кои имаат храброст и карактер секогаш се незгодни за другите луѓе.“

    6. „Нашата цел не е да станеме како другите, потребно е меѓусебно да се разликуваме, да научиме да видиме поинакви луѓе од себе и да ги почитуваме онакви какви што се.“

    7. „За љубовта може да се каже исто што и за уметноста: оној што умее да го сака само она што е големо и бескрајно, посиромашен е од оној што и ситницата го восхитува.“

    8. „Светот е убав кога се набљудува како дете, без желби за барање.“