×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХОРОСКОП - 10.06.2021

    10.06.2021 07:07 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ХОРОСКОП - 10.06.2021

    ОВЕН

    Денес слушајте ги советите на пријателите, особено на постарите или машките пријатели. Важно е што и како ќе зборувате денес, бидејќи денешните теми ќе циркулираат низ вашиот живот наредните 6 месеци. Внимавајте на односот со најблискиот семеен круг, особено помалите браќа или сестри, не преувеличувајте факти и не ја извртувајте вистината.

    БИК

    Претпазливо со финансиите и вредните предмети денес. Внимавајте да не изгубите нешто што ви е вредно, на пример часовникот, гравирано пенкало, паричникот и сл. Денешната енергија можеби ќе ве направи посконцентрирани на материјалното отколку на духовното. Не брзајте никаде, не брзајте во подготовките, оставете си доволно време за се` и избегнете ги непријатностите.

    БЛИЗНАЦИ

    Од денес ќе започнат големи промени во вашиот изглед, вашето тело ќе се смени, а можеби и вие самите ќе одлучите да промените нешто во имиџот. Сконцентрирајте се на вас, на тоа да бидете најдобрата верзија од себе. Денешната енергија ќе ви помогне да го постигнете и тоа што мислите дека е невозможно, со напорна работа, трпение и време. Ништо големо не се гради преку ноќ.

    РАК

    Денес нештата ќе се одвиваат судбински, енергијата ќе биде надвор од ваш дофат. Доколку изгубите нешто, некој си замине од вашиот живот или некој се појави во вашиот живот, тоа ќе бидат предодредени настани. Што и да направите, нема да може да ја избегнете судбината. Денес е можно да одите во екстреми – или ќе имате премногу енергија или ќе бидете сосема исцрпени.

    ЛАВ

    Денес е можно да запознаете некој пријател кој ќе го смени вашиот живот. Дури и првично да не ви се допаѓа или да ве нервира, луѓето кои ќе влезат во вашиот живот под денешната енергија се луѓе кои со причина ви се во близина. Тие ќе ви помогнат да отпочнете некој нов проект, да остварите некој одамнешен сон или ќе ве инспирираат на некој друг начин.

    ДЕВИЦА

    Денес ќе бидете обземени од амбициозност да напредувате на работното место или да го смените работното место сосема за да работите во област која повеќе ви “лежи“. Внимавајте да не донесете погрешна одлука во врска со кариерата денес, не избрзувајте ништо, застанете малку и размислете пред да одлучите нешто. Можно е да ви се отворат нови врати за докажуваање на веќе започнатите проекти.

    ВАГА

    Денес ќе ви се отвори можност да патувате некаде далеку на подолг временски период, да студирате во странство или во вашиот живот ќе влезе некој странец или некој кој ќе заземе улога на ваш ментор или заштитник. Доколку имате деца, не го занемарувајте нивното мислење денес, туку прашувајте ги какви се нивните ставови за иднината, дали би се согласиле на преселба итн.

    ШКОРПИЈА

    Во последниот период можеби сте преживеале некакви финансиски губитоци или сте морале да се ослободите од нешто што за вас било вредно. Денешната енергија ќе ви помогне да добиете поголема финансиска стабилност, но тоа ќе се случи доколку дозволите некој да ви помогне, прифатите совет или критика и не се држите за старото по секоја цена. Адаптацијата на новото време ќе ви донесе и нови приливи.

    СТРЕЛЕЦ

    Ако сте се чувствувале збунето во изминатиот период, некаква блага криза на идентитот, намалена енергија – денес е можно вашиот живот да добие нова смисла преку другите луѓе. Тоа значи дека ве очекуваат судбински средби со некој кој ќе ви стане долгорочен партнер, судбински разговори со некоја личност, кои ќе ви помогнат многу, пристап до некакви документи кои порано биле недостапни и сл.

    ЈАРЕЦ

    Денешната енергија ќе ви помогне да дојдете до нови идеи и поефикасни начини на завршувањето на обврските, можеби ќе се зголеми обемот на вашите вработени или пак ќе добиете повеќе колеги. Можно е да најдете нова работа. Денес постои потенцијал да откриете некој здравствен проблем или да решите некој здравствен проблем на нов, алтернативен начин, на кој не сте се обиделе претходно.

    ВОДОЛИЈА

    Денешната енергија ќе ви донесе нови креативни потенцијали во вашиот живот, нов и подобрен животен стил, повеќе енергичност или зацврстување на вашиот идентитет. Овие бенефити можеби ќе се случат преку некаква криза, можеби ќе треба да изгубите нешто за да сфатите кои сте вие всушност, но во секој случај очекувајте убави нешта во ваш правец.

    РИБИ

    Денес поминете време со семејството. Можеби во последно време сте биле прекумерно посветени на вашиот професионален живот, можеби пак сте го изгубиле работното место или сте сфатиле дека сте во погрешната кариера, но сите професионални турбуленции ќе се смират кога ќе се навратите на основата, на корените и семејството. Внимавајте на здравјето на вашата мајка, како и на вашите репродуктивни органи.

    (Подготви: Сара Ѓорѓиоска)