Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На официјалната страна на германскиот оператор Vodafone се појавија информација за претставување на два нови iPhone смартфони, но ни трага ни глас од iPhone 5.
Имено веб-страната ги покажува телефоните iPhone 4S и 8G iPhone 4 во бела и црна боја и кажува дека тие ќе доаѓаат со капацитет од 16GB, 32GB и 64GB.
Неколку извори кои се потпираат на Mashable тврдат дека сигурно Apple ќе го објави само iPhone 4S, а неколку други веруваат дека Apple ќе излезе со обновената верзија на iPhone 4 и исто така со тоа ќе биде претставен и iPhone 5. Никој навистина не е сигурен што ќе представи Apple во вторник.
Според Вол Стрит Журнал, американскиот оператор Sprint Wireless ќе го добијат iPhone 5 опремен со WiMax, додека нивните конкуренти од операторите AT&T и Verizon Wireless ќе треба да се задоволат со iPhone 4S. На глобално ниво iPhone 5 се очекува да биде опремен со HSPA+ технологија.
Како и да е, се дознаеме од официјалната конференција, најавена за денес во 19:00 по македонско време