×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да бидете попривлечни

    21.01.2020 10:34 | KumanovoNews

    Отсекогаш се сметало дека привлечноста е позитина особина, која со себе носи повеќе предности, затоа што привлечните луѓе многу побргу стапуваат во контакт со останатите, побргу наоѓаат работа, а дури пак и се посамоуверени.

    Како да бидете попривлечни

    Па така, врската е причинско-последична, кога станува збор за трошење на пари за некој да го добие својот „билет за поубаво место“.

    Најчестите работи на кои можеби не посветуваме доволно внимание, можат да бидат работи кои ќе не` направат попривлечни или пак нема.

    * Посвете повеќе внимание на негата на вашите стапала

    Најчесто, сите почнуваат со негата на стапалата само кога кај нив ќе се појават одредени проблеми, како што се отеченост, пликови или пак тврди пети. Иако овој дел од телото во текот на есенските периоди знае почесто да биде прекриен, сепак стапалата „во својата природна состојба“ ги гледаат нашите партнери на кои всушност ние сакаме да сме им  привлечни. Затоа, доколку вашите нозе се потат во чевлите, тогаш користете потопла вода за миење и ставете ги во некој сад во кој ќе ставите мешавина од 1 литар вода и 1 лажица формалин. Но исто така за оние луѓе кои имаат ваков проблем се препорачува и да се користи бебешка пудра за стапалата, која ќе оневозможи да дојде до поголемо потење.

    * Купка за нозе

    За да направите природна купка за вашите нозе измешајте 1 чаша лимонов сок, со малку цимет, 2 лажици маслиново масло и 1/4 часа млеко, па со истата смеса тријте ги нозете. По кратко време од масажата, измијте ги вашите стапала и полека избришете ги, по што тие ќе бидат значително посвежи, а воедно и миризливи. Доколку пак не го сакате мирисот на цимет, за истата употреба може да користите некој друг лист, пример од роза со кој можете да го намачкате целото тело, а не само стапалата.

    * Не го занемарувајте мирисот/парфемот

    Парфемот многупати знае да биде изоставен дел од нашето секојдневје или пак од истиот да имаме нанесено многу повеќе. Но, ако сакате да изберете навистина парфем кој ќе ви се допаѓа, тоа направете го наутро, бидејчи сетилото за мирис ви е најмногу развиено, а исто така и не употребувајте никакви други парфеми претходно и не заборавајте парфемот  кој сакате да го пробате мора да го нанесете директно на кожа.