×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да се ослободите од пролетниот умор

    15.04.2021 07:32 | KumanovoNews

    Пролетта е годишно време во кое многу луѓе се чувствуваат уморни, без енергија, потребен им е повеќе сон, а често имаат и главоболки и губење на апетитот.

    Како да се ослободите од пролетниот умор

    Уморот е предизвикан од промената на времето, но и од периодот на исхрана, карактеристична за зимата, кога на менито има многу месо и месни производи, заради што се јавува недостаток на витамини.

    Нутриционистите препорачуваат дека пролетта е време кога треба да се премине на т.н. зелена храна- разни салати, свежи зелени зачини, коприви, зелка и други намирници, кои се важни за здравјето на луѓето.

    Тие сметаат дека две намирници особено се важни за да се воспостави рамнотежа во организмот- ротквици и лук.

    Ротквиците се богати со разни витамини. Содржат голем процент на витамин Ц, речиси исто колку и цитрусното овошје. Богати се и со витамин А и витамините од групата Б, заради што се благопријатни за нервниот систем.

    Исто така, во нив има и калциум, магнезиум, фосфор, калиум, железо и други минерали. Тие го поттикнуваат апетитот и ја враќаат енергијата. Ротквиците го прочистуваат организмот и помагаат да се исфрлат токсините и микроорганизмите што и влијаат на појава на болести.

    Се препорачува во салатите задолжително да се става и лук.

    Лукот е , исто така, многу корисен , го нормализира варењето, штити од настинки и вируси. Го регулира шекерот во крвта , крвниот притисок, ја прочистува крвта и ја подобрува работата на нервниот систем.

    Доколку во рана пролет во својата исхрана ги вклучите салатите со лук и ротквици, пролетниот умор ќе помине многу бргу или воопшто нема да го почувствувате.