×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Легендата за Дедо Мраз

    31.12.2019 16:58 | KumanovoNews

    Новогодишната и Божиќните  празници не можат да поминат без најпрепознатливиот и омилениот лик на децата Дедо Мраз. Но дали знаете и дали сте се запрашале како и од каде настанала легендата за него?

    Легендата за Дедо Мраз

    Легендата за потеклото на веселиот и секогаш насмеан лик облечен во црвено со долга бела брада всушност датира многу одамна, дури од третиот век и е поврзана со една вистинска личност, бискуп по име Свети Никола, кој бил омилен меѓу децата поради неговата великодушност, дарежливост и љубов кој ја прикажувал кон сите луѓе  за време на неговите многубројни патешествија.

    Една од најпознатите приказни за него е кога спасил три сестри кои инаку требало да бидат продадени како робинки од нивниот  татко, бидејќи таткото не можел да обезбеди мираз за да ги омажи. Кога Свети Никола слушнал за проблемите на девојките, тој една ноќ, скришум, преку отворениот прозорец на куќичката во којашто тие живееле, фрлил вреќичка полна со злато која се дотркалала во еден чорап кој бил оставен да се суши близу до огнот во куќата.  Утредента, кога тие се разбудиле, нивната радост била незамислива, и така една по една, благодарение на овој подарок, сестрите успеале да се омажат.

    Со текот на годините легендата за Свети Никола добивала се поголема популарност и така тој станал заштитник и патрон на децата и морепловците. Денес дури, меѓу народот е општо познато дека денот на неговата слава е и ден кој е најпогоден за купување на нови работи или пак за склопување брак.

    Името на Дедо Мраз потекнува од прекарот на Свети Никола на холандски јазик “Sinter Klaas”,  а неговавата популарност почнала да расте со дрвените карикатури кои трговецот Џон Пинтард на почетокот на деветнаесетиот век, ги изработувал за време на новогодишните и божиќните  празници, додека ликот на Дедо Мраз, како старец со бела барада, бил изработен од познатиот карикатурист Томас Наст исто така во деветнаесеттиот  век.  

    Со текот на времето легендата растела, денес ние ликот на Дедо Мраз не може да го замислиме и без неговата летечка санка која влечена од девет ирваси тргнува од Северниот пол и со чија помош тој на Божик, во текот на една ноќ им дели подароци на дечињата ширум светот влегувајки низ оџаците на куќите.