Миранда Кер ќе носи градник од 2,5 милиони долари
13.10.2011 10:48
| KumanovoNews
Девет месеци одкако го роди синот Флин, супермоделот Миранда Кер ќе се врати во јатото на „Викториините ангели“, со градник од 2,5 милиони долари.

Австралијанскиот супермодел која роди син на актерот Орландо Блум, се враќа следниот месец на модна ревија на која ќе носи градник од 2,5 милиони долари, кој е со скапоцени кристали.
Минатиот месец таа ја одушеви публиката со своето заносно тело на ревијата на костими за капење, „Дејвид Џонс“.