Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мишел Обама и е толку многу љубоморна на Опра, а има и многу малку доверба во својот сопруг, што им нареди на сите жени кои соработуваат со претседателот на САД, Барак Обама, да го надгледуваат за тој да не биде неверен како што на времето беше Џон Ф. Кенеди.
Првата дама многу често се појавува ненајавена во канцеларијата на Барак Обама за да види што тој прави, а наводно и негодувала заради блискиот однос кој Барак го има со познатата ТВ водителка Опра Винфри, која Мишел ја избегнува бидејќи мрази дебели луѓе.
Контроверзните тврдења на писателот Едвард Клејн, кои ги објави во книгата "The amateur", ќе и ја вратат на Мишел Обама етикетата "луда црнкиња", против која се бореше со години.
Клејн тврди дека Мишел е посесивна и дека нејзиното однесување е тема број еден на сите приказни во Белата куќа.
"Мишел е многу љубоморна и тоа на многу необичен начин. По толку години брак, поголемиот број на партнери имаат доверба едни во други и не ги следат своите сопружници наоколу за да видат што прават.
Мишел воопшто не му верува на Барак и инсистира на тоа да го знае секој негов чекор", кажал неименуван извор чија изјава ја пренесува "The New York Post".
Понатаму, изворот наведува дека Мишел на сите јасно им ставила до знаење дека жените околу Обама мора да се надгледуваат и дека мора да и се јавуваат информациите доколку Барак премногу се зближи со некоја од вработените во Белата куќа.
Клејн цитира еден извор од Белата куќа кој вели дека првата дама на САД била гневна заради телефонските разговори на Барак со Опра.
Уште една од причините заради кои Мишел не ја сака Винфри е заради тоа што мисли дека таа влијаела на Хилари Клинтон да се кандидира на изборите како противкандидат на нејзиниот сопруг.