Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако постојано ја негуваме нашата коса за да ни изгледа посјајно и поздраво, таа, заради најразлични причини, се' почесто станува посува и покршлива.
*Еве неколку универзални правила кои мора да се почитуваат, кога станува збор за негата на косата:
1. Исчешлајте се пред миењето на косата
Вашиот чешел е вашето најдобро средство за отстранување на нечистотијата од вашата коса. Наместо да ја миете два-три пати со шампон, прво исчешлајте ја косата, а дури потоа нашампонирајте ја за додатно да и' ги отстраните нечистотиите.
2. Користете доволна доза на витамин Ц
Витаминот Ц помага за одржување на здрава и силна кожа, како и за обновување на колагенот во косата. Затоа обидете се да јадете повеќе брокула, кисела зелка или да консумирате повеќе мултивитамински препарати.
3. По миењето косата не ја мотајте со крпа
Косата е најчувствителна во мигот кога е влажна, а самото виткањето во крпа ја прави покршлива и повеќе ја замрсува. Затоа прво со раце отстранете ја водата од косата, а потоа со крпата само впијте го остатокот од водата. Потоа нежно исчешлајте се, но почнувајќи од врвовите на косата кон коренот.
4. Менувајте го местото на косата на кое го врзувате коњското опавче или пунџата
Доколку повеќе време ја врзувате косата на истото место, таа станува многу покршлива, па затоа се препорачува не само да се менува местото на врзување на косата, туку и да се носи пуштена.
5. Секогаш мијте ја косата по вежбање
Не е потребно темелно миење на косата по вежбањето, но сепак барем нашампонирајте ја косата и нежно измијте ја за да ги отстраните солта и минералите од потта, кои ја сушат вашата коса.