Мени

Направи сам: Освежителни летни коктели со џин

01.08.2021 06:39 | Сара Ѓорѓиоска

Кога се во прашање алкохолните пијалаци, знаеме дека џинот е еден од најздравите варијанти за наздравување со пријателите. Ако вие или вашите пријатели се љубители на џин, овој викенд бидете подготвени домаќини кои се на висина на задачата и изненадете ги со некоја џин-комбинација за која долго ќе зборуваат:

Направи сам: Освежителни летни коктели со џин

1. Џин-леден чај

Најпрвин, потопете го чајот од камилица во 500 мл. зовриена вода и откако ќе промешате, извадете ги филтер-кесичките и оставете да се излади 5 минути.
Во голем бокал ставете џин, рум, сок од бозел и сок од грејпфрут. Додадете мраз и гранчиња мајчина душица и промешајте. Послужете со лед и уживајте.

2. Џин со јагоди

Измешајте 400 г. јагоди со 700 мл. џин и 100 г. шеќер во голем сад, а потоа напитокот преместете го во шише од 1.5 литри и чувајте го во фрижидер околу 3 недели, при што на секои два дена не заборавајте да промешате. Процедете преку филтери за кафе и послужете со лед.

3. Пчелка-коктел

Ќе ви бидат потребни 2 лажички мед, на кои ќе додадете 1 лажичка зовриена вода. 
Мешајте додека медот не стане поредок, потоа додадете ја смесата од мед во шејкер заедно со 50 мл. џин, 25 мл. сок од лимон и многу мраз. Добро промешаниот коктел послужете го во коктел-чаша и украсете со изрендана кора од лимон.