×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не пропуштајте го метеорскиот дожд Персеиди вечерва

    12.08.2021 13:29 | Сара Ѓорѓиоска

    Вечерва околу полноќ, на небото ќе биде видлив еден од најубавите астрономски феномени – метеорскиот дожд Персеиди. Овој метеорски дожд е фасцинантно годишно случување, кое започнува во јули, а ја доживува својата кулминација секој август. За разлика од минатата година кога месечевата светлина ја ограничуваше видливоста, оваа година метеорскиот дожд ќе биде повидлив и уште поспектакуларен, поради тоа што месечината се` уште е во својата слабо видлива, прва фаза.

    Не пропуштајте го метеорскиот дожд Персеиди вечерва

    Иако метеорските дождови можат да бидат набљудувани околу 10 часа, според експертите, идеалното време за набљудување е од 4 до 6 часот наутро, пред да изгрее сонцето. Обидете се да најдете локација која е далеку од градскиот метеж, од причина што градската осветленост ќе ја ограничи видливоста на метеорскиот дожд.

    Метеорскиот дожд, она што во поп-културата е познато како “ѕвезди кои паѓаат“, е всушност астрономски феномен кој се случува кога вселенската прашина минува низ Земјината атмосфера со таква брзина што создава трага од светлина, наречена метеор, која е видлива со голо око од земјата. 

    Според НАСА, околу 30 метеорски дождови се видливи со голо око од Земјата секоја година и многу од нив се спектакуларен феномен кој се
    случува веќе стотици години. Конкретно Персеидите биле првпат забележани пред околу 2.000 години во Кина.